Поетот Александар Пушкин имаше внук; царот Александар II имаше ќерка. Двајцата се запознаа во 1895 година на Азурниот брег. Тој имаше 24 години, а таа 22. Добија син по име Георг Михаел Александар фон Меренберг.
Георг Михаел Александар со сестра си, околу 1900 година.
Јавен доменОва дете беше во сродство со рускиот цар Николај II и можеше да води аристократски живот, но неговата судбина беше предодредена од двете светски војни.
Грофот Георг Михаел Александар фон Меренберг е роден во Хановер на 16 октомври 1897 година. За разлика од неговиот татко, кој не зборуваше руски, неговиот син го научи јазикот на своите предци.
Иако Георг Михаел Александар фон Меренберг сакаше да стане лекар, тој го послушал тогашниот обичај, според кој аристократите претежно градеа кариера во војската.
Георг Михаел Александар фон Меренберг, 1917 година
Јавен доменКога започна Првата светска војна, таткото на Меренберг повлече некои врски за тој и неговиот син да служат на Западниот фронт и да не мора да се борат против Русите. Меѓутоа, набрзо 17-годишниот Георг Мајкл заврши во Франција како воен заробеник. Така за него заврши Првата светска војна.
Кога дојде мирот, фон Меренберг се врати во Визбаден во Германија и таму ги затекна разорните последици од војната врз германската економија. Хиперинфлацијата го уништи семејното богатство, па семејството беше принудено да ги издава своите станови во Визбаден за да врзува крај со крај.
Меѓутоа, наскоро доаѓањето на нацистите на власт и избувнувањето на нова светска војна направија тешкотиите од претходните времиња да изгледаат занемарливи.
Неколку години по почетокот на Втората светска војна фон Меренберг беше мобилизиран во германската војска и испратен на Источниот фронт. Внукот на рускиот цар беше распореден во копнената единица на германското воздухопловство.
Георг Михаел Александар фон Меренберг во униформа на мајор, околу 1944 година
Јавен доменСепак, кариерата на Фон Меренберг стагнираше поради неговиот очигледен отпор кон нацистичката идеологија. Како еден вид казна Фон Меренберг беше испратен на оддалечениот грчки остров Парос во Егејското море.
Според легендата, потомокот на руски и европски аристократски семејства го ризикувал својот живот за да спаси 125 невини жители на островот.
Според описот на овој настан објавен во руските медиуми, нацистите започнале со изградба на нов воен аеродром на островот. Набрзо преку радар биле забележани од британски командоси, кои со поддршка на локалните партизани на 16 мај 1944 година ги нападнале нивните позиции.
Со оглед на тоа дека германскиот командант на островскиот гарнизон бил повреден во нападот, Фон Меренберг бил привремено задолжен за германскиот контингент. Како вид одмазда за нападот врз аеродромот, германската висока команда барала да бидат погубени 125 локални жители. Фон Мереберг бил задолжен за извршување на оваа сурова казна.
Очајните жители на островот побарале помош од архимандритот Филотеј од манастирот Лонговарда. Според легендата, архимандритот и потомокот на руското благородништво се сретнале на преговарачката маса обидувајќи се да смислат како да ја откажат егзекуцијата без да го вознемират Берлин.
Георг Михаел Александар фон Меренберг и грчки монаси
Јавен доменСпоред наводите во медиумите, Фон Меренберг презел личен ризик и го откажал погубувањето на невините луѓе. Потомокот на Пушкин и внук на рускиот цар Александар II побарал од архимандритот да гарантира дека во тој случај жителите нема повторно да се обидат да го заземат аеродромот.
По војната фон Меренберг се врати во Германија. Почина во 1965 година. Се верува дека никому не раскажал за овој настан. Приказната за него беше објавена дури во 2010 година, благодарение на новинарката Кетрин Кларк.
Нејзината оригинална статија може да се најде на интернет. Сепак, не можеме да ја потврдиме веродостојноста на оваа приказна.
Дознајте повеќе за рускиот принц кој помогна во формирањето на специјалните сили на ЦИА и Армијата на САД овде.
Тука дознајте повеќе за рускиот кнез кој учествуваше во обликувањето на ЦИА и специјалните сили на американската војска.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче