Нобеловата награда е основана во 1901 година. Оттогаш, 615 пати е доделена на 989 луѓе и организации главно од САД, Велика Британија, Германија, Франција, Шведска и Русија.
Она што малкумина го паметат денес е дека доделувањето на наградата е овозможено благодарение на профитабилниот нафтен бизнис на семејството Нобел во Руското царство.
Семејството Нобел доаѓа во Русија од Шведска во 1838 година. Пронаоѓачот Имануел Нобел - глава на семејството и татко на основачот на Нобеловата награда - се преселува со сопругата и трите сина во Санкт Петербург, надевајќи се дека ќе ги продаде пронајдоците на кои работел во Шведска.
Имануел Нобел, основач на династијата Нобел (1801-1872)
Јавен доменРизикот од преселување завршува со голем профит за семејството. Иновативниот Швеѓанец успева да го разгори интересот на рускиот цар Николај I, кога претставува подобрена верзија на подводна експлозивна мина.
За време на Кримската војна - која трае од 1853 до 1856 година - пронајдоците, иновациите и масовното производство на оружје и воена опрема се најважни за руската влада.
Користејќи го својот ран успех, Имануел Нобел основа фабрика за воени залихи, која се покажува како многу профитабилен бизнис во тоа време.
Меѓутоа, снемува среќа кога новиот цар Александар II воведува сериозни кратења на воениот буџет на земјата набргу по крајот на Кримската војна.
Семејниот бизнис во Русија банкротира и е продаден од доверители.
Откако се враќа во родната Шведска, Имануел му ги доверува остатоците од семејното богатство на својот најстар син Лудвиг, кој останува во Русија со своите браќа и сестри.
Лудвиг Нобел (1831-1888)
Јавен доменЛудвиг Нобел ќе ги искористи заштедите за да основа нова фабрика специјализирана за производство на лафети. Под раководство на Лудвиг, бизнисот почнува да расте и фабриката за машини „Лудвиг Нобел“ станува еден од најголемите производители на артилериски делови и пушки во Русија.
Во 1873 година, Лудвиг му доверува на својот брат Роберт 25000 рубли и му наложува да оди на Кавказ за да набави ореово дрво, кое се надева дека ќе го користи за производство на пушки.
Сепак, кога Роберт ќе дојде во Баку, не може да одолее на искушението да направи купување што подоцна ќе се покаже како пресвртница и нешто што ќе го промени животот на целото семејство Нобел. Користејќи ги 25000 рубли што ги има, Роберт купува мала рафинерија за нафта во градот кој наскоро ќе се претвори во светска престолнина на производството на нафта.
За три години, малата нафтена рафинерија во Баку се претвора во акционерско друштво „Бранобел“ со седиште во Санкт Петербург со акционерски капитал од три милиони рубли. Браќата Нобел заедно поседуваат 60,8 отсто од акциите на компанијата, а остатокот оди кај други инвеститори.
Корпорации „Браќа Нобел Нафта“ во Баку, Азербејџан. 1875-1920.
Технички музеј (СС ПО 2.0)Во годините што следат, компанијата почнува да купува нафтени полиња низ рускиот Кавказ, главно на територијата на денешен Азербејџан, а исто така и на некои наоѓалишта во азискиот дел на Руската империја.
Корпорации „Браќа Нобел Нафта“ во Баку, Азербејџан. 1875-1920.
Технички музеј (СС ПО 2.0)Браќата Нобел користат технологија за развој на својот нафтен бизнис и се пионери во развојот на раните нафтени танкери. Првиот танкер во светот по име „Зороастер“ ѝ припаѓа на нивната компанија.
Зороастер
Јавен доменОсновајќи истражувачки лаборатории во Баку и вработувајќи десетици научници, браќата Нобел во голема мера потпираат на науката и технологијата за се стекнат со влијание во нивните деловни активности.
Имануел Нобел (1859-1932), претседател на Друштвото за нафтено производство на браќата Нобел од 1902 година
SputnikРаководството на компанијата е познато и по својот љубезен однос кон работниците, нетипичен за времето што ѝ претходи на Руската револуција. Браќата Нобел воведуваат систем за споделување на профитот за своите работници, инвестираат во подобрување на условите за живот и донираат во училиштата и болниците во областите каде што работат.
Корпорации „Браќа Нобел Нафта“ во Баку, Азербејџан. 1875-1920.
Технички музеј (СС ПО 2.0)До крајот на векот „Бранобел“ експоненцијално расте и станува најголемата нафтена компанија во Руското царство. Управува со над 500 нафтени бунари и персонал од околу 12000 работници. Потоа Руската револуција го запира импресивниот раст на компанијата.
Корпорации „Браќа Нобел Нафта“ во Баку, Азербејџан. 1875-1920.
Технички музеј (СС ПО 2.0)Црвената армија ја презема власта во Баку до крајот на април 1920 година. Болшевиците го национализираат имотот на компанијата „Бранобел“, не оставајќи им на основачите никаква де факто контрола над работењето што го основаа.
Корпорации „Браќа Нобел Нафта“ во Баку, Азербејџан. 1875-1920.
Технички музеј (СС ПО 2.0)Меѓутоа, снаодливите браќа ја искористуваат неизвесноста дали болшевиците ќе победат во руската граѓанска војна и ги продаваат своите акции во компанијата, која веќе е национализирана од болшевиците, на американската Standard Oil Company, Inc.
Корпорации „Браќа Нобел Нафта“ во Баку, Азербејџан. 1875-1920.
Технички музеј (СС ПО 2.0)Алфред Нобел ќе искористи дел од профитот од тој бизнис за да ја основа Нобеловата награда во 1901 година.
Денес, браќата Нобел се одговорни за основањето на руската нафтена индустрија, која стана една од најголемите во светот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче