- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Под закрилата на ноќта на 13 септември 1943 година тим од американски командоси со падобрани се спушти зад непријателската линија на Сардинија со смела мисија да ги натера непријателските единици на островот на им се предадат на сојузниците.
Човекот што го предводеше тимот беше 53-годишниот руски аристократ кој доброволно се пријави во американската војска како војник. Ова беше негов прв борбен скок.
Кнезот
Пред рускиот аристоркрат Серж Оболенски со низа чудни пресврти на судбината да биде втурнат да ја води тајната американска мисија на Садринија, рускиот кнез по раѓање – и потомок на Рјурикови, основачите на Русија – на големо го користеше својот возвишен општествен статус и живееше извонреден живот во својата родна земја.
Во младоста кнезот замина на студии на Оксфорд каде што се поврза со член0вите на англиската аристократија, вклучувајќи го и идниот крал на Англија Едвард Осми. Кога избувна Првата светска војна, Оболенски се врати во Русија и се пријави во војска како офицер во полкот на Кавалирската (Коњичка) гарда.
Во 1916 година воениот херој се ожени за руска кнегинка, ќерката на рускиот цар Александар Втори. Но, тогаш руската револуција засекогаш му го промени животот.
Бегајќи од болшевиците, двојката привремено се пресели во Лондон, каде што Оболенски можеше да користи 200.000 долари од своите сметки во швајцарска банка. Ова беше само делче од наследеното семејно богатство, но сепак беше многу повеќе одошто многумина други руски аристократи успеаја да извлечат од Русија.
Сепак, на крајот бракот им се распадна. Рускиот кнез набргу најде работа како продавач во Лондон, но оваа нова пригода не го држеше смирен.
На еден општествен настан Оболенски ја запозна Алис Мјуриел Астор, ќерката и наследничка на Џон Џејкоб Астор Четврти, еден од тогаш најбогатите луѓе во Соединетите Американски Држави, кој беше и меѓу патниците на Титаник во 1912 година.
Тие се венчаа и двојката се пресели во САД каде што рускиот кнез стана личен секретар на Винсент Астор, главата на ова семејно претпријатие.
„Винсент ми предложи да погледнам некои работи и да дадам свои предлози со оглед на тоа што поголем дел од својот живот го имам поминато по најдобрите хотели во Европа. Ме направи еден вид генерален консултант, човек за унапредување и за решавање на проблемите... така се најдов во хотелиерството“, изјави Оболенски.
Под супервизија на Оболенски, хотелот Ст. Регис во Њујорк го промени ентериерот од старомодното предворје во модерни јави површини, изгради ноќен клуб со руски содржини и ангажираше готвач кој порано работел за царот.
„Излезе дека сето тоа е мошне восхитувачки и е вистински предизвик за мене“ рече Оболенски, кој набргу стана успешен извршен директор, привлекувајќи многу богати и привилегирани луѓе во својот хотел на раскошни забави и на значајни општествени настани.
Во 1931 година Серж стана натурализиран американскаи државјанин. Една деценија подоцна изби уште една светска војна и стариот воин повторно почувствува повик на должноста.
Американски командос
Оболенски доброволно се пријави да се приклучи на американската војска, но беше одбиен зашто имаше речиси 50 години со искуство во коњица, застарен воен род во времето на модерното војување.
Сепак, Русинот не прифати НЕ како одговор. Работејќи во хотелот, се приклучи на Државната гарда, на Државната воена резерва, како војник, и го користеше слободното време за обука со цел да ги положи испитите за офицер.
Беше малку веројатно дека како припадник на Државната гарда ќе учествува во акции, така што Оболенски започна да истражува други опции, користејќи ги своите разгранети врски. Прашувајќи еден пријател од војската како може да биде префрлен во некоја борбена единица, доби изненадувачки директен одговор:
„Зошто не разговарате со Бил Донован? Тој престојува во Вашиот хотел“.
Бил Донован тукушто беше унапреден во шеф на новоформираната Канцеларија за стратешка служба (ОСС), агенцијата која претходеше на ЦИА и на специјалните сили на американската војска. Оболенски му пријде на Донован и, полн со уверување, веднаш стана американски командос.
Според сопствените зборови Оболенски обуката „за малку ќе го убиела“. На 53 години тој официјално стана најстариот американски државјанин во историјата кој има изведено прв падобрански скок.
Според извештајот на инструкторот на ОСС, поручникот Џери Сејџ, Оболенски инсистирал да се приклучи на традицијата на агенција сите квалификациски скокови со падобран да ги направи во еден ден и покрај неговите години.
„Скај („небо“ – шифрирано име на Оболенски во ОСС), висок господин... тогаш стар околу педесет и четири години... беше вистински маж – цврст, издржлив и добродушен. Вредно тренираше и покрај фактот што веќе беше во години, држеше чекор со сите помлади момчиња и правеше сѐ што правевме ние“, изјави Сејџ.
Пред петтиот скок, Оболенски толку многу почнаа да го болат нозете што одвај можеше да се движи, а лекарот се обиде да го запре. На тоа Русинот наводно извикал: „Исфрлете ме од авионот, по ѓаволите!“ Истиот ден доби падобрански ознаки на униформата.
Истовремено Оболенски исто така бил вклучен во обликувањето на обуката на командосите во агенцијата така што на англиски јазик го превел Учебникот на советските партизани, а исто така вовел и тактика во програмата на обуката и на тој начин ја формирал основата за подготовката на американските диверзантски единици.
Државен удар во изведба на еден човек
Во септември 1943 година Сојузниците биле подготвени да извршат напад на Италија со цел да ја ослабнат коалицијата на Силите на Оската, предводена од нацистите во Втората светска војна. Гарнизон од 20.000 германски нацисти и над 270.000 италијански војници стационирани на островот Сардинија претставуваше проблем. Преокупирани со борбите на копното, сојузниците бараа начин да го заземат островот без да прибегнат кон уште една инвазија во целосен обем.
Вооружен со писмо од Ајзенхауер и со својот личен шарм, Оболенски, со уште тројца командоси, со падобран се спушти на непријателската територија под закрилата на ноќта, со мисија да го убеди генералот Бас, кој командуваше со италијанските сили на островот да се предаде.
Четворицата мажи ги закопаа своите падобрани, поставија опрема за комуникација и продолжија во блискиот град во извидувачка мисија.
Приближувајќи се на полициската станица во градот Каљари, Oболенски се однесуваше како да има баталјони падобранци под негова команда кои чекаат во близина.
„Носам мошне важна порака од кралот на Италија и од генералот Бадољ за генералот Бас. Води ме кај него!“, му рекол на шефот на полицијата.
Оболенски успеал да го убеди генералот Бас да ја следи наредбата на италијанскиот крал и на претседателот Ајзенхауер и ги предаде единиците под негова команда на островот. Наскоро Оболенски му се јави на штабот на ОСС со радиопорака:
„...освен Германците кои се повлекуваат на крајниот север, Сардинија [е] наша.“
Мисијата што ја ослободи Сардинија без загуба на ниту еден американски живот е прогласена за голем успех на ОСС и на американските разузнавачки служби во зачеток. А, Русинот коу тоа го изведе се врати да живее во САД.
Потоа, Оболенски работеше за синџиорт хотели Хилтон, а подоцна започна сопствена фирма за односи со јавноста во Њујорк под назив „Serge Obolensky Associates, Inc.“. До последните денови од животот продолжи да се дружи со политичари и со познати личносто од највисокиот ранг. Рускиот кнез и американски командос почина во 1978 година во 88 година од животот.
Зборувајќи за Оболенски, неговата секретарка даде кус увид во способноста на овој човек на двата континенти да успее во животот:
„Можеше да ги шармира и птиците на дрво“.
Кликнете тука за да дознаете како еден советски шпион СЛУЧАЈНО стана амбасадор на Костарика во Рим, во Ватикан и во Југославија.
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа