Како изгледаше Русија 1963 година (ФОТОГРАФИИ)

Михаил Трахман/МАММ/МДФ
Ајде да погледнеме фотографии од кои се гледа како изгледаше Советскиот Сојуз пред 60 години за време на „Хрушчовото затоплување“, кога земјата стана поотворена кон светот.

Една од главните ѕвезди во 1963 година беше Валентина Терешкова. Во јуни таа стана првата жена во светот која полета во вселената.

Терешкова со главниот советски космички инженер Сергеј Корољов пред летот.

Терешкова пробува вселенска храна.

По легендарниот лет во вселената Терешкова беше пречекана во Москва како рок-ѕвезда.  

Истата година Валентина се омажи за космонаутот Андријан Николаев (Јуриј Гагарин беше на венчавката).

Таа година многу странци го посетија СССР. Американскиот писател Стајнбек (лево), авторот на „Руски журнал“, го посети СССР по трет пат!

Кубанскиот лидер и советски пријател Фидел Кастро исто така го посети СССР и присуствуваше на балетот „Лебедово езеро“ во театарот Болшој, во кој настапуваше легендарната балерина Маја Плисецскаја.

Кастро и Хрушчов на скијање.

Во јули, познати личности од Запад го посетија Третиот Московски меѓународен филмски фестивал. Меѓу нив беа Симон Сињоре, Франсоа Арнул, Ив Монтан и Жан Мара.

Учесници во парадата во Москва на Празникот на трудот.  

Во јуни се одржа Светскиот конгрес на жените во Москва.

Кон крајот на 1950-тите и почетокот на 1960-тите започна масовната изградба на „хрушчовки“, згради направени од бетонски панели, која требаше да ги задоволува потребите на сè побројното советско население во градовите. Многу семејства со задоволство ги напуштаа заедничките станови за да добијат свој помал стан.

Театарот Болшој украсен за прославата на 1 Мај, Празникот на трудот во Москва.

Работници на пауза за ручек во ленинградска фабрика.

Пионери присуствуваат на одбележувањето на 20-годишнината на Курската битка.

Балет зад кулисите

Советската хокеарска репрезентација ја слави победата на Светското првенство 1963 во Стокхолм, Шведска.

Достава на пошта со „авто-санки“.

Виктор Кривошеев, командант на механизирана единица и поборник за комунистичкиот труд.

Бегање од час како вид забава.

Советска службеничка во библиотеката на Московскиот државен универзитет.

Легендарниот фудбалски голман Лав Јашин…

...и неговите многубројни обожаватели кои го имитираат.

Славје по матурските испити.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња