- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Алфред Еберлинг, ученик на Иља Рјепин, пред сè беше сликар. До револуцијата од 1917 година, ги сликаше портретите на Николај II и најотменото руско благородништво, а за време на советската ера му позираа Сталин, Молотов, Троцки и други партиски водачи. Неговиот портрет на Владимир Ленин во 1937 година се најде на советската банкнота од десет рубли и стана пример за советските минијатури на подоцнежните банкноти.
Меѓу другото, Еберлинг беше претходник на руската улична фотографија. Кон крајот на XIX век купил фотоапарат и се заљубил во фотографијата. Имаше џебен модел на „Кодак“ кој можеше да прави фотографии со кратка експозиција, правејќи ги впечатливи и преполни со живот. Нурнете во светот на уличниот Петербург од времето на империјата!
Маж во брзање чекори по Невскиот проспект.

Јавен домен
Пар во прошетка на кејот Фонтанка.

Јавен домен
Семејство на Литејниот проспект.
Јавен домен
Жена излегува од коњски трамвај.
Јавен домен
И возач на коњски трамвај на Невскиот проспект.
Јавен домен
Луѓе забрзано го преминуваат Аничковиот мост.
Јавен домен
Елегантна дама привлекува внимание на Невскиот проспект.
Јавен домен
Деца си играат со дадилките во Александровата градина.
Јавен домен
Поштар чита нешто пред влезот во зградата на Генералштабот.
Јавен домен
Весел господин шета по Италијанската улица.
Јавен домен
Сериозна жена оди по улицата Караванаја.
Јавен домен
Две дами во прошетка пред Зимскиот дворец.
Јавен домен
Момчиња гледаат во реката Нева.
Јавен домен
Бебе во количка до жена со елегантен кокошник на главата.
Јавен домен