- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Сталин и Вјачеслав Молотов присуствуваат на конгресот на колхозниците.
Странците изразуваа голем интерес да дознаат како стојат работите во советската земја, а многу писатели го посетуваа СССР за да пишуваат за оваа егзотична комунистичка земја. Една од нив беше австралиската комунистка Кетрин Сузан Причард (подолу со селани на колхоз).
Во 1933 година беше завршена амбициозната изградба на Беломорско-Балтичкиот канал (Беломорканал) и тој беше официјално отворен.
Беа потребни само помалку од две години за да се изгради каналот долг 227 километри (!) што ги поврзува Белото и Балтичкото море.
Мрачната страна на изградбата на Беломорканал е тоа што во неа учествуваа затвореници од Гулаг.
А изградбата ги однесе животите на околу 12 илјади затвореници.
Генерално, 1933 година беше обележана со стартување на неколку големи индустриски проекти и челичарници низ земјата. И фотографите беа воодушевени од оваа индустриска „поезија“.
Во 1933 година советските власти го популаризираа движењето и возењето на автомобили, а друштвото АВТОДОР стартуваше масовно автомобилско рели со рута долж целиот СССР.
Сексуалната револуција што се случи во раната советска ера веќе беше завршена и СССР се претвораше во пуританска земја. Меѓутоа, голото тело и понатаму беше нормална работа. Луѓето без проблем се сончаа голи.
И најпознатата советска актерка од тоа време Љубов Орлова беше полугола додека го снимаше првиот советски музички филм „Весели момци“.
Советската пропаганда промовираше здраво атлетско тело и начин на живот - за младите луѓе да бидат вистински градители на комунизмот.
Социјалистичкото мото за индустријата и културата на памукот во Узбекистанската ССР напишано на узбечки јазик.
1933 година беше последната година кога московјаните можеа да ја видат оваа градба, Сухаревската кула. Таа беше урната веќе следната година според планот на Сталин за обнова на Москва.
Московското метро почна да се гради во 1933 година. Многу делови на тунелот беа изградени со методот „иссечи и покриј“, кога ќе се ископа ров, а потоа се покрива. Да се биде градител на метро стана престижна работа и многу луѓе се стремеа да бидат дел од овој историски процес.
Во текот на 1930-тите пилотите развија страст за летање во стратосферата. На сликата е екипажот на СССР-1, балонот што го соборува рекордот на големи височини.
Во 1930-тите советските власти, познати по својата антирелигиозна политика, започнаа антибудистичка и антимуслиманска кампања, заедно со борба против православното свештенство. Така, до крајот на 1930-тите, поголемиот дел од свештенството беше потиснат, додека храмовите, светите слики и книгите беа уништени. На сликата подолу се будистички монаси во Бурјатија.
Актерите на оперскиот театар „Станиславски“ во Москва додека читаат драмски текст во дворот на театарот. Легендарниот Константин Станиславски е на сликата во средината, со шешир.
До 1933 година беше завршена зградата на Народниот комесаријат за земјоделство. Проектирана е од Алексеј Шчусев во конструктивистички стил и остана споменик на советската архитектура. Гледајќи го аголот што фотографот го избрал, можеме да замислиме колку необични и иновативни биле нејзините облици и форми.
Советските власти стартуваа многу периодични списанија за различни типови на луѓе, вклучувајќи ги селаните и работниците. И бараа многу дописници, така што многу луѓе се приклучија на професијата. Сликата подолу покажува дописници кои го слушаат нивниот идол, главниот пролетерски писател Максим Горки.
Сè повеќе луѓе се интересираа за фотографија, камерите не беа толку тешки како порано, па многу професионални и аматери фотографи направија неверојатни снимки од советскиот живот.
Еден од најпознатите фотографи од таа ера беше Александар Родченко, пионер на авангардната фотографија. На сликата подолу е фотографиран за време на неговата работа на изградбата на Беломорканал.
Децата се обидуваат да си го поправат радиото.
Узбекистански машиновозач.
Селанчиња во Карелија пловат со чамец.
Селанец од колхоз со житото што го заработил.
Предилка.
Баба, мајка и деца - три селски генерации прикажани заедно.
Колхознички.
Митинг по повод Празникот на трудот.
Селски пазар.
Аптека.
Пионерски поздрав.
Работник во механичарска работилница.