Черчил, Труман и Сталин
Getty ImagesСтудената војна се дефинира како ривалство помеѓу САД и Советскиот Сојуз и нивните сојузници. Ривалството се искристализира неколку години по поразот на нацистичка Германија во 1945 година. Набргу се претвори во целосно непријателство кое се прелеа во идеолошката, економската, научната, воената и во други сфери кадешто двете суперсили се обидуваат да се надминат една со друга.
Траеше речиси 50 години и официјално заврши со распадот на СССР во 1991 година.
„Не играј се!“
В.ГоворковИако дебатите за тоа кој ја сноси примарната одговорност за почетокот на Студената војна се во тек, чесно е да се тврди дека и САД и СССР придонесоа за ескалација на тензиите.
Носејќи ги плодовите од тешкостекнатата победа и обидувајќи се да ја елиминираат секоја можност за уште еден разорен напад на Советскиот Сојуз, Кремљ настојуваше да ја зајакне својата позиција во Европа по Втората светска војна. Така Москва постави левичарски влади во некои источноевропски земји кои Црвената армија ги ослободи од нацистичка окупација. Советскиот Сојуз исто така ја прокламираше желбата и намерата да го шири комунизмот низ целиот свет.
Од друга страна, САД ја искористија уникатната можност да гo прошират своето влијание на ослабената Европа и така да излезат како доминантна сила во светската политика по долг период политичка изолација. Спротивставувањето на советското тежнеење во Европа да се воспостават комунистички влади беше природно за САД, кои тежнееја да станат глобална суперсила.
Студената војна се интензивираше кога Вашингтон објави дека спроведува масовен план за обнова на Европа, познат како Маршаловиот план, како и воведување на таканаречената Труманова доктрина, политика која ветуваше поддршка на демократиите против авторитарните закани: тоа всушност значеше дека САД ќе ја совлада советската експанзија каде било во светот. Згора на тоа, набргу беше формирано и НАТО.
Никита Хрушчов
Getty ImagesНа некој начин беше. Секако не знаеме како би се одиграла историјата доколку САД и СССР се однесуваа поинаку од она што го правеа. Меѓутоа, ретроспективно, постоеја толку фактори кои придонесуваа до распламтување на Студената војна што со сигурност може да се претпостави дека едноставно не постоеше начин ниту за Москва, ниту за Вашингтон сето ова да се заобиколи.
Како прво, Германија го изгуби сето свое влијание во Европа и остави празнина во моќта што набргу ја пополнија Советскиот Сојуз и САД, правејќи ги двете земји природни ривали. Ниту спротивставените идеологии не помогнаа односите да се смират. Обете земји набавија нуклеарно оружје на почетокот на непријателството од Студената војна, со што станаа водечки сили во светот. Сите овие фактори заедно речиси сигурно прават Студената војна да изгледа неизбежнa во ретроспектива. Освен тоа, никогаш со сигурност нема да знаеме дали некогаш било возможно да се спречи ова големo геополитичко ривалство.
„Народите од светот очекуваат разоружување“
В.ГоворковГлобалниот судир помеѓу САД и Советскиот Сојуз беше познат како „студен“ зашто никогаш не се претвори во отворена војна помеѓу двете суперсили. Терминот „студена војна“ во 1945 година го смисли Џорџ Орвел кој го предвиде периодот од историјата што се карактеризира со ривалство на државите кои беа „одеднаш неосвојливи и во постојана студена војна со своите соседи“.
Неговото предвидување се оствари со неверојатна точност: САД и СССР беа неосвојливи зашто имаа огромни резерви нуклеарно оружје и истовремено беа заробени во постојан судир.
Американски авион надлетува советски брод за време на Кубанската криза
Getty ImagesМошне можно. Всушност, Студената војна се манифестираше со повеќекратни посреднички војни во кои САД и СССР се бореа, посредно поддржувајќи ги спротивните страни во крвавите судири кои избиваа во различни краишта на светот.
Војните во Кореја, во Виетнам, во Конго, во Ангола, во Авганистан и во други земји главно беа производ на Студената војна. Многу луѓе загинаа за време на овие судири, вклучувајќи и советски и американски војници. Меѓутоа, тие никогаш не се сметаа за отворени воени судири помеѓу САД и СССР. Наместо тоа, Москва и Вашингтон ги гледаа како дел од напорите за ширење на својата идеологија и за поткопување на позицијата на својот ривал од Студената војна во различни делови на светот, а сето тоа на штета на локалното население кое трпеше огромно страдање, но и извлече определена корист од усогласувањето со една од двете ривалски страни.
Во некои случаи во текот на Студената војна, САД и СССР беа блиску да влезат во директна војна. На пример, за време на Кубанската ракетна криза од 1962 година, кога светот прилично се приближи кон Трета светска војна. Една техничка грешка можеше да предизвика нуклеарна војна помеѓу двете земји во 1983 година, но апокалипската беше избегната благодарение на офицерот Станислав Петров, кој по лажната узбуна одлучи да не започнува нуклеарен напад на САД.
Пучот во август 1991 година, Москва.
Андреј Соловјев/ТАССКога во 1991 година Советскиот Сојуз престана на постои, САД беа „последниот преживеан“ во судирот од Студената војна.
Меѓутоа, историчарите не се согласуваат за тоа дали Соединетите Американски Држави можат оправдано да си ја припишат „победата“ во Студената војна, зашто не е јасно која беше примарната причина за распадот на СССР.
Може да се изнесе аргументот дека САД ги исцрпеле советските ресурси преку скапите прокси-војни и мошне скапата трка за нуклеарно вооружување. Меѓутоа, некои тврдат дека САД биле само сведок на распадот на СССР, со оглед на тоа што комунистичката суперсила се распадна поради низа внатрешни проблеми, како што се неефикасноста на планската економија, огромната воена потрошувачка, тоталитарното владеење на комунистичката партија, и отсуството на разни слободи, вклучувајќи ја слободата на говорот.
Дури и ако Вашингтон го сметаше колапсот на својот ривал за недвосмислена победа, ерата по Студената војна претставуваше многу нови предизвици за САД, што наведе некои луѓе да тврдат дека САД станаа сила во опаѓањето на меѓународната политика откако го изгубија својот главен непријател.
Според истиот принцип, може да се изнесе аргументот дека распадот на СССР означуваше „крајна точка на идеолошката еволуција на човештвото“. Навистина, многумина веруваа во ова во раните деведесетти години од минатиот век, иако ерата што се развиваше по Студената војна наведе многумина да се сомневаат во валидноста на овој аргумент.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче