„Адмиралтејскиот плоштад во Санкт Петербург во текот на Масленица“ Жакоте и Обрен, 1850.
Јавен доменЕдна од најмасовните сцени во култниот филм на Никита Михалков „Сибирскиот бербер“ е сцената на прославата на Масленица во Москва. Меѓу забавните содржини е и огромен дрвен тобоган од мраз по кој луѓето се спуштаат надолу.
Ова спуштање по мраз за време на Масленица е токму она што се крие зад изразот „руски планини“ (англиски: russian mountains), кој во прво време бил прифатен од неколку романски јазици (француски: montagnes russes, италијански: montagne russe, португалски: montanha - руса, шпански: montaña rusa).
Фредерик де Хаенен. Зимско санкање во Москва
Јавен доменРусите имале богата историја на зимска забава. Во овој период од годината селаните обично не биле толку зафатени со работа, па измислувале секакви работи за забава. А една од омилените работи била спуштањето по природен снежен рид. Колку повеќе луѓе се спуштале, толку повеќе падината се претворала во мраз, што ја правело полесна за лизгање.
Масленица е празнична недела на крајот на зимата, која се карактеризира со голема доза на забава, вклучително и санкање. Големи патеки биле градени во големите градови како Москва и Санкт Петербург, а луѓето од сите возрасти и социјален статус можеле да се придружат на забавата со спуштање по рид.
„Масленица во Санкт Петербург“, Џ. Бролинг, 1885.
Јавен домен„Зборувајќи за нашата московска зимска забава, би требало да спомнам една забава: ледените ритчиња, по кои се спуштавме за време на Масленица, а понекогаш, ако времето дозволуваше, и за време на Великите пости. Неколку од овие руски планини (како што ги нарекуваа во странство) беа поставени зад нашата куќа, во градината. Ни беше дозволено да лизгаме, особено затоа што движењето на свеж воздух беше добро за здравјето“, напиша Аполинариј Бутенев, руски пратеник во Лондон во своите мемоари во 1815 година.
И царските резиденции имале свои зимски падини за спуштање. Згора на тоа, во XVIII век царицата Екатерина Велика одлучила дека нема причина да ја чека зимата за да се забавува. Најдобрите инженери на Царството направиле летна верзија на тобоганот за неа. Изгледал како огромна дрвена рампа со три колосеци широки повеќе од шест метри. Количките се спуштале по средната патека, а потоа следеле четири тобогани кои оделе горе-долу. Количките се движеле напред по инерција, вкупно повеќе од 500 метри. По возењето количките се враќале назад по страничните шини со помош на специјален механизам придвижуван од коњи.
„Ледените тобогани, кои се омилена атракција на Русите, будат голема љубопитност кај странците. Руските тобогани се високи 50-60 стапки, со балкони обоени во бело на врвот и украсени со шарени знамиња. На задната страна има скала по која луѓето постојано се качуваат, за од другата страна да можат со голема брзина да се спуштат по стрмната ледена падина со лесни санки“, објави германскиот „Магазин на јавно корисни знаења“ во 1835 година. нарекувајќи ја оваа атракција - „Die Rutscheiberge in Russland“ („Лизгачки планини во Русија“).
Promenades-Aériennes во Париз
Јавен доменМногу извори велат дека руските војници стигнале до Париз за време на Војната со Наполеон и изградиле мали ридови за спуштање на реката Сена. Наскоро руската атракција толку многу ги возбудила Европејците што во многу градови почнале да прават свои тобогани. Климатските услови не дозволувале лесен пристап до мраз ниту во зима, па за спуштање користеле колички на тркала.
„Кога ќе дојде зимата, Московјаните градат високи скелиња во повеќето градови, од едната страна прицврстуваат скали за да се искачат на нив, а од другата брзо се спуштаат итајќи во санки на тркала... Токму ова задоволство на Русите во Париз е донесено во 1816-та“, напиша Клод Руџиери, француски специјалист за свечености и огномет.
Во 1816 година во Париз се појавило еден од првите познати ридови за спуштање, наречен „Promenades-Aériennes“, а на возењето присуствувал дури и кралот Луј XVIII.
Promenades-Aériennes во Париз
Јавен доменПодоцна претприемачот Џозеф Олер (кој исто така бил коосновач на „Мулен Руж“) ги дизајнирал „Montagnes Russes de Belleville“ (Руските планини на Белвил) со патека од 200 метри која изгледала како двојна осумка. Така Руските Планини станале бренд.
Во 1872 година Џон Г. Тејлор дополнително го развил и подобрил својот патент за таканаречените „навалени шини“ во САД. Тој направил проект со механизам кој ја префрлува количката од една платформа на друга за да може потоа да оди по друг наклон. Меѓутоа, не е јасно дали успеал да го реализира.
Во 1885 година првиот надалеку познат ролеркостер бил отворен на Кони Ајленд во Бруклин, Њујорк. Се викал Switchback Railway и бил дизајниран од ЛаМаркус Адна Томпсон. Човек морал да се искачи на кула од 600 стапки (183) метри и да се качи во специјална количка, а потоа да се лизне по брановидна патека до друга кула - и повторно да се врати. Потсетува на тобоганот на Екатерина, нели?
Томпсон бил познат по развојот на ролеркостерите и таканаречените гравитациски возења и од нив направил цела индустрија во САД. Таму „планините“ добиле свои модерни технологии и безбедносен систем.
Така новите тобогани пристигнале и во Русија, и покрај тоа што цела Европа ги знаела како „руски планини“, во Русија станале познати како... американски ритчиња (американские горки)! А вака сé уште се нарекуваат ролеркостерите во Русија.
Американски ритчиња во Санкт Петербург, крај на XIX век
Јавен доменПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче