Портрет на Алексеј Михајлович Романов
ЕрмитажМногу пред на дворот да се појават украсите на Фаберже за руските монарси украси правеле грчки мајстори. Тие, на пример, за Алексеј Михајлович направиле специјален украс – барми (околураменик), кои се користеле во свечени пригоди и на крунисување. Седум медалјони со прикази на Пресвета Богородица, Христос Младенчето, апостоли, светители и нивните чуда ги красат скапоцени камња, меѓу кои 248 дијаманти. Бармите се носеле прицврстени на широка јака и ги покривале градите и рамењата.
Бармите на царот Алексеј Михајлович.
Wikipedia/ShakkoВо секојдневните ситуации царевите не носеле барми, но можеле да носат разни прстени, и тоа со гравирани шари, печати и двоглави орли.
Петар Велики во руска одежда.
Public domainПетар Први не би бил Петар Први доколку не би направил нешто корисно дури и од такви дреболии како што се украсите. Тој своите прстени ги користел како печати и како потсетување на важни настани. На еден прстен тој е прикажан како дрводелец со бродски алат.
Еден прстен со смарагд го красел гравираниот приказ на Петар Први со жезол и со держава, и со кружен натпис: „Царот и велики кнез Петар Алексеевич на цела Русија“. Друг прстен е всушност печат на кој пишува: „Кадешто се правдината и верата, тука и силата ќе дојде“, што мошне личи на една позната изјава на рускиот самодржец.
Граден крст на царот Петар Алексеевич, работилници на Кремљ, 1672-1689.
Wikipedia/ShakkoПетар мислел и на душата. Неговиот граден крст не бил само верски симбол, ами и вистинско уметничко дело. Во центарот од предната страна мајсторите додале уште еден вметнат крст од смарагд, а на задниот дел има приказ на светиот апостол Петар, царевиот небесен покровител.
Круната на Великиот магистар Орден на Свети Јован Ерусалимски. Му припаѓала на Павел I. Жакоб Дивал.
Wikipedia/ShakkoТешко дека синот на Екатерина Втора ја следел модата. Најверојатно тој го избирал она што е најдобро. Така во 1798 година како велики магистар на Малтешкиот ред добил посебна круна. На неа немало скапоцени камења, само осум позлатени лакови се спојувале на врвот, држејќи царско јаболко, односно кугла со малтешки крст од бел емајл. Павел Први покрај круната добил и прстен со дијамант. Под скапоцениот камен имало подлога од фолија, поради што дијамантот добил интензивно црвена боја.
Мечот на Павел I.
ЕрмитажЗа волја на вистината, покрај вообичаените украси, императорот ги имал и оние „воените“. Имено, санкпетербуршките мајстори за него исковале парадна сабја со рачка опточена со рубини, дијаманти и сафири. А, врвот во вид на шлем потсетува дека Павел Први бил челник на витезите на Малтешкиот ред.
Рускиот император Александар II.
Public domainНа наоѓалиштето на смарагди во околината на Екатеринбург во 1834 година пронајден е необичен камен. Тој, во зависност од светлината, ја менувал бојата од заситено зелена до темновиолетова и светлоцрвена.
Алесандрит под светлина.
Александар Рудниј (CC BY 4.0)Било одлучено каменот да го добие името александрит, според принцот Александар Николаевич кој тој ден станал полнолетен. Тоа бил редок и прилично скап камен. Толку исклучителен подарок можел да плати само некој аристократ. Дијамантот, секако, му припаѓал на Александар Втори, кој никогаш не го симнувал прстенот со овој скапоцен камен. Дури не го убиле анархистите...
Венчавката на великиот кнез Александар Александрович и Марија Фјодоровна, 1867.
ЕрмитажНајстариот син на Александар Втори, принцот Николај Александрович, се подготвувал за свадба со данската принцеза Дагмар, и веќе биле нарачани венчалните прстени со крупни брилијанти, но не дошло до свадба. Имено, наследникот на престолот починал од туберкулозен менингитис. И покрај тоа, сојузот со данскиот владетелски дом бил склопен и Дагмар се омажила за принцот Александар Александрович. Било решено на венчавката да се искористат истите бурми, па потоа бил воведен нов обичај тие бурми да се користат и на идните венчавки на наследникот на престолот. Така и било – се користеле и за време на венчавката на Николај Втори и Александра Фјодоровна. Последниот руски император не се одвојувал од оваа бурма до својата смрт.
Дневникот на царот Николај II. Русија, осумдесетти години од 19 век, димензија на листовите –22,3х18 сантиметри, димензија на подврската - 23х18,8х2 сантиметри
Музеи на московскиот КремљКопчиња за манжетни бил најчестиот подарок за мажите, во секоја пригода. Меѓу другите, ги изработувала и фирмата на Карл Фаберже, и тоа биле мали уметнички дела поврзани за важни датуми во животот на семејството Романови, или за одредени празници. На пример, за Александар Трети мајсторите направиле чифт копчиња за манжетни со иницијали, обложени со брилијанти со подлога од син емајл, и други, необично скромни, од родонит со релјефен монограм.
Дневникот на царот Николај II. Русија, осумдесетти години од 19 век, димензија на листовите –22,3х18 сантиметри, димензија на подврската - 23х18,8х2 сантиметри.
Музеи на московскиот КремљЦарот Николај Втори добивал различни копчиња за манжетни – со неговите иницијали, со тематски приказ, со украси од скапоцени камења и со декоративна резба. Како и неговите претходници, последниот император имал посебен албум со приказ на сите подароци добиени за четвртина век. За својот 20 роденден добил традиционални копчиња за манжетни со монограм ХХ, а од својата невеста, идната царица Александра Фјодоровна, парчиња за манжетни во облик на клучеви со брилијанти и рубини.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче