Потпишување на Договорот за формирање на СССР
Степан ДудникСССР е основан за да се обединат новоформираните Советски Социјалистички Републики околу ленинистичката идеја за движењето на светската револуција и формирањето глобална социјалистичка држава. Ова се случи на следниов начин.
По Октомвриската револуција во 1917 година, Руската Империја се распадна. Набргу по 1918 година на територијата на централна Русија, Украина, Белорусија и на Кавказот се формираа посебни Советски Социјалистички Републики. Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР) со престолнина во Москва беше центарот околу кој требаше да се формира новата држава.
Во 1920 година беше потпишан договор за обединување помеѓу Русија и Украина, во 1921 година помеѓу Русија и Белорусија, а набргу следуваа и договори со кавкаските републики. Според овие документи, Руската Федеративна Социјалистичка Република се стекнуваше со право да ги претставува сите други републики на меѓународно ниво и да потпишува дипломатски документи во нивно име. Во РСФСР исто така се наоѓаа и седум главни министерства: за одбрана, за национална економија, за трговија со странство, за финансии, за работа, за железница, пошта и телекомуникации.
На 30 декември 1922 година на Првиот сесојузен конгрес на Советите беше потврден Договорот за формирање на СССР (го потпишаа Руската СФСР, Транскавкаската СФСР, Украинската ССР и Белоруската ССР).
Владимир Ленин
Fototeca Gilardi/Getty ImagesНе, зашто во 1917 година на царскиот режим во Русија му е ставен крај со абдикцијата на Николај Втори.
По Октомвриската револуција од 1917 година на власт дојдоа болшевиците на чело со Владимир Ленин.
Владимир Ленин (1870-1924) беше првиот претседател на владата на РСФСР – претседавач на Советот на народни комесари на РСФСР. Исто така беше на чело на Комунистичката парија која ја презеде власта над целиот СССР преку својот највисок орган Политбирото. Формално Ленин не беше единствениот водач на земјата, беше задолжен само за одлуките на Советот на народните комесари. Во реалноста, сепак, Ленин издаваше наредби, а неговите послушни министри (народни комесари) ги извршуваа.
Ленин формално ја држеше власта до смртта во 1924 година, меѓутоа, во последните две години од животот Јосиф Сталин, член на Политбирото, ја презеде моќта како водечка личност во државата.
Сојузот на Советските Социјалистички Републики беше формално федерална држава, унија на делумно самоуправно Советски Социјалистички републики, од кои секоја имаше своја влада и своја Комунистичка партија.
Меѓутоа, во реалноста републичките органи имаа малку или воопшто немаа автономија, со оглед на тоа што во целост беа потчинети на централната влада на СССР во Москва. СССР беше еднопартиска држава со која управуваше Комунистичката партија на СССР.
Бројот на Советски Социјалистички републики во СССР се зголеми од 4 на 16 во различни години. Во 1922 година СССР го сочинуваа Руската, Белоруската, Украинската и Транскавкаската СССР.
Во август 1940 година, кога на СССР му се приклучија Молдавската, Латвиската, Литванската и Естонската СССР, вкупниот број беше 16, а во 1944 година на СССР му се приклучи и Народна Република Тува, која потоа стана Тувинска Автономна Област во состав на Руската СФСР.
Никита Хрушчов го критикува младиот поет Андреј Вознесенски
SputnikВо СССР формалниот шеф на државата и вистинскиот носител на власта главно беа две различни лица.
Формално од 1922 година шеф на државата беше претседателот на Президиумот на Централниот извршен комитет на Советскиот Сојуз (ЦИК). Зошто? Затоа што формално СССР беше народна држава и неговиот највисок орган на власта беше Конгресот на советите на Советскиот Сојуз – конгрес на избрани народни претставници од целиот СССР.
Меѓутоа, Конгресот на советите не можеше постојано да се состанува, па имаше свој Централен извршен комитет како владејачки орган меѓу заседанијата. А, Централниот извршен комитет ја именуваше владата на СССР.
Во 1938 година Конгресот на советите како орган на власта го замени Врховниот совет на Советскиот Сојуз и неговиот президиум ја презеде функцијата на Централниот извршен комитет. Од 1938 година па натаму шефот на Президиумот на Врховниот совет на Советскиот Сојуз беше челниот човек на СССР.
А, во 1990-1991 година, непосредно пред распаѓањето на земјата, на чело на СССР се наоѓаше Михаил Горбачов, првиот и последен претседател на СССР.
Во реалноста, власта во СССР ја држеше идеолошкиот лидер на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз кој, од времето на Сталин, се нарекуваше генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.
Минирање на Храмот на Христос Спасителот во Москва во 1931 година.
TASS„Мораме да се бориме против религијата“, велеше Владимир Ленин. Раните години на СССР беа обележани со постојана борба против религиските убедувања кои болшевиците ги сметаа за надминати. Пред сѐ се бореа против руското православие. Меѓутоа, во муслиманските и во будистичките делови од земјата религијата исто така беше прогонувана.
Од 1917 година на православната црква ѝ беше забрането да регистрира раѓање, смрт, бракови и разводи. Указот за одвојување на црквата од државата и на школството од црквата што го усвои Советот на народните комесари на РСФСР на 20 јануари 1918 година ја прогласуваше слободата на религиските уверувања. Истиот указ ги лиши религиските организации од сите права како правни лица.
Меѓутоа, официјално религијата никогаш не беше забранета во СССР. Иако власта го затвораше поголемиот број цркви, никогаш директно не им забрануваше на христијаните, на муслиманите, на Евреите и на припадниците на другите конфесии да се молат. Активните религиски проповедници се прогласуваа за ментално болни и се затвораа во лудници, но религиските убедувања во СССР никогаш не беа ставени надвор од законот.
Формално Комунистичката партија на СССР беше единствената партија во Советскиот Сојуз. Со советскиот устав од 1936 година беше прогласена за „раководно јадро“ на земјата. Иако формално партијата не можеше да биде влада, нејзините највисоки органи директно влијаеа врз формирањето на владата.
Водачот на партијата беше шеф на владата и ги држеше функциите или на генерален секретар, или на премиер или на претседател или две од трите функции истовремено, но никогаш сите три во исто време. Водачот на партијата де факто беше претседавач на Политбирото на Комунистичката партија и извршен раководител на Советскиот Сојуз.
Пред 1922 година СССР не постоел. Формиран е од четири Советски Социјалистички републики: Руската, Белорусската, Украинската и Транскавкаската ССР. Називот на Русија од 1917 до 1922 године беше Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР).
Со површина од над 22.402.200 квадратни километри, простирајќи се низ единаесет временски зони, СССР навистина во текот на своето постоење беше најголемата земја на светот.
Претседателот на РСФСР Б.Н. Ељцин и претседателот на Врховниот Совет на Република Белорусија С. С. Шушкевич потпишуваат договор за создавање Сојуз на Независни Држави. 8 декември 1991 година.
Јуриј Иванов/SputnikПоголемиот број историчари се сложуваат дека до распадот на СССР довеле повеќе политички, економски и социјални фактори. Некои тврдат дека СССР се распаднал поради тоа што неговите водачи престанале да веруваат во идејата што ја прокламирале.
Непосредна причина за распадот на СССР беше перестројката на Горбачов, серија реформи кои имаа за цел да го спасат стопанството на земјата. Меѓутоа, реформите предизвикаа широка општествена дебата за природата на советската власт и за улогата на партијата, а потоа етничките тензии и сиромаштијата доведоа до тоа различни републики да прогласат независност од СССР, што резултираше со негов распад во 1991 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче