Црвениот плоштад, Москва, 1961.
Владимир Лагранж/TASS„Тоа беше вистинска епидемија, долготрајна и неизлечива. Епидемија која не успеаја да ја победат ниту гладот ниту војната. Сите беа заразени по ред, како момчиња од предучилишна возраст и тинејџери, така и возрасни момчиња и оженети мажи“. Вака писателот Михаил Колосов ја опишува гулабарската страст што ја зафати земјата во советско време. Гулабите го преплавија главниот град, и дури беа и причина за отпуштање од работа.
Првите гулабарници се појавиле во руската престолнина уште пред повеќе од 200 години, а првиот одгледувач бил грофот Алексеј Орлов, помладиот брат на Григориј Орлов, миленикот на руската царица Екатерина II. Неговите кметови одгледувале специфичен вид гулаби, бели турмани и благодарение на тоа биле ослободени. Најубавите гулаби Орлов ѝ ги подарувал на царицата, од каде и потекнува нејзиниот интерес за овие птици.
Гулабарникот на грофот Алексеј Орлов
Рунов/SputnikМеѓутоа, во царска Русија во XIX век гулаби одгледувале само спаиите од чиста досада. Стана масовна појава на почетокот на ХХ век, кога е основано Руското друштво за гулабарски спорт и мрежата на поштенско-гулабарските станици меѓу Москва, Санкт Петербург и соседните градови. Гулабите вклучени во поврзувањето на населбите беа под покровителство на Генералниот штаб. Во 1914 година во руската армија имаше повеќе од четири илјади гулаби.
Црвеноармеецот А. Гончаров, 1942.
Леонид Великжанин/TASSСепак, царската гулабарска пошта не доведе до тоа одгледувањето гулаби да стане пасија на илјадници луѓе. Револуцијата и граѓанската војна ги уништија практично сите гулаби (беа фатени и изедени).
Момче и гулаб, 1940-тите години
Семейный архив Т. Д. / Russia in photoСоветската влада веќе во 1925 година презеде одредени чекори и ја подигна работата на ниво на државна неопходност. Низ целиот Советски Сојуз беа отворени секции за поштенско гулабарство. Притоа, непрактичните и украсните видови гулаби не беа од голем интерес за новата земја. На Советите им беа потребни само издржливи и брзи птици. Во центарот за гулабарски спорт постојано се одржуваа натпревари во брзина и опсег на летот.
Капетан на авијација Виктор Попов, 1943.
Ольга Игнатович / МАММ / МДФ / Russia in photoСе чинеше дека од тој момент гулабите ќе доживеат процут во младата земја. Но, тоа не се случи, на што кумуваше новата геополитичка катастрофа. Командантот на Москва во 1941 година нареди „сите приватни лица во рок од три дена да ги предадат сите свои гулаби во управата на милицијата за да не можат непријателските елементи да ги искористат“. Имено, птиците можеа да паднат во рацете на германската војска. Така, гулабите повторно исчезнаа, нивното одгледување се одвиваше, патем, во своевидни затворени кругови, кои од време на време се појавуваа и исчезнуваа.
Гулабарник на улицата „Болшаја Ординка“, Москва, 1958.
argopavel / pastvu.comВистинска „гулабарска револуција“ се случи во педесеттите години на минатиот век и е поврзана ни помалку ни повеќе туку со Пабло Пикасо. Имено, летото 1957 година Москва требаше да биде домаќин на Шестиот меѓународен фестивал на младина и студенти, настан кој за прв пат по војната ја подигна „железната завеса“ меѓу Советскиот Сојуз и Западот. Во Советскиот Сојуз допатуваа 34 илјади луѓе од 131 земја во светот. Пабло Пикасо, инаку страстен гулабар, го смисли симболот на фестивалот - гулабот на мирот. Птиците обично се пуштаа на церемонијата на отворање во знак на пријателство и солидарност.
Светски конгрес за разоружување и мир, Москва, 1962.
Макс Альперт/SputnikМосква не смееше да се избрука, беа потребни многу гулаби. Меѓутоа, по Втората светска војна речиси и да немаше вакви птици во градот. Затоа партијата назначи специјален инструктор за одгледување на одреден број птици за фестивалот, а беа одгледувани со заеднички напори буквално на сите, од ученици до универзитетски професори.
Москва, 1975.
Виталий Созинов/TASSСпоред партиската задача, во секое претпријатие беа изградени гулабарници во кои од редовите на вработените работеа гулабари-аматери, кои беа ослободени од сите други обврски. Градските активисти заедно одгледуваа илјадници птици во локалните клубови, стотици птици во кафези во училиштата го чекаа својот момент. На градските плоштади се продаваше храна за гулаби, а на некои централни улици се појави дури и сообраќаен знак „Внимание, гулаби“, додека брзината не смееше да надминува пет километри на час.
И така, на 28 јули 1957 година, триесет и четири илјади гулаби (според бројот на гости на фестивалот) се вивнаа на небото над Москва. Целта беше постигната. Меѓутоа, московјаните, кои го открија интересното занимање, не сакаа толку лесно да бидат лишени од тоа. Одгледувањето гулаби стана нешто како културен феномен.
Шести меѓународен фестивал на младина и студенти, Москва, 1957.
Иван Шагин / МАММ / МДФ / Russia in photoКако прво, на сите толку многу им се допадна да пуштаат илјадници гулаби на небото, што стана традиција за сите големи фестивали и настани. Илјадници гулаби полетаа на небото за време на Олимпијадата во 1980 година, Фестивалот на млади во 1985 година и Игрите на добра волја во 1986 година.
Како второ, одгледувањето гулаби се устоличи како исклучиво машко занимање. Мажите се собираа во гулабарниците исто како и во гаражите, со шише алкохолен пијалак. На тие места можеа да се издвојат и мирно да си разговараат, жените обично не наминуваа таму.
Гулабарството, додуша, дури и на врвот на својата популарност, во осумдесеттите години на минатиот век, не беше поврзувано со „бруталните работи на вистинските мажи“, туку повеќе беше знак на меланхолија, некаде на границата со осамувањето. Филмот на Владимир Меншов „Љубов и гулаби“, своевидна илустрација на тој феномен, премиерно беше прикажан во советските кина во 1985 година.
Кадар од филмот Љубов и гулаби, 1984./ реж. Владимир Меньшов / Мосфильм
Во Москва имаше многу такви „меланхоличари“. Луѓето навистина френетично се обидуваа да го надминат комшијата според бројот на птици, ретките видови или нивната брзина на летање. Имаше и кражби кога од гулабарниците едноставно беа крадени птици или користени пософистицирани методи: беа праќани женки во соседните гулабарници од каде не се враќаа дома сами.
Опсесијата со гулабарството заврши со распадот на СССР. На луѓето не им беше до гулаби. Гулабарниците потоа со години беа пусти и се доживуваа како обележје на минатите времиња, сé додека новите градители не ги урнаа. Во некои московски дворови и ден-денес можете да ги видите токму тие советски гулабарници.
Гулабарник на улицата „Твардовски“, Москва, 1985.
pastvu.com
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче