- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Михаил Горбачов (2 март 1931 - 30 август 2022 година) беше првиот и последен советски претседател кој влијаеше на животот на секој жител на Советскиот Сојуз без исклучок. Тој влезе во историјата како политичар кој стави крај на Студената војна меѓу Советскиот Сојуз и Соединетите Американски Држави и ја доби Нобеловата награда за мир за неговиот придонес во мировниот процес меѓу СССР и западните земји. Во средината на 80-тите го најави курсот кон демократизација на економскиот и политичкиот живот во СССР (познат како перестројка и гласност), што ги зајакна аспирациите на одредени републики за независност и доведе до распад на СССР.
Пишувавме за тоа како го паметат познатите политичари, а овде можете да погледнете ретки фотографии од него во неофицијални моменти.
1 - Четиригодишниот Михаил со дедо му Пантелеј и баба му Василиса Гопкало, Приволное, Ставрополски крај (на југот на Русија), околу 1937 година.
Apic / Getty Images
2 – На 19 години стана кандидат за членство во Комунистичката партија. Препораките ги доби од директорот на училиштето и наставниците.
AP
3 – За време на студиите на Московскиот државен универзитет, Горбачов ја запозна својата идна сопруга Раиса Титаренко (1932-1999). Се венчаа 1953 година. Свадбата се одржа во кантина на студентски дом.
Getty Images
4 – Михаил, Раиса и неговата мајка Марија во селото Приволное.
SHONE/Gamma-Rapho / Getty Images
5 – Михаил Горбачов и советскиот политичар Виктор Гришин во посета кај московско семејство, 1985.
6 – Михаил Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган, 1986.
7 – Михаил и Раиса Горбачов со семејството во викендичка кај Москва, 1989.
Sputnik
8 – Горбачов со идниот прв претседател на Русија Борис Елцин, 1988.
9 – Генералниот секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз за време на пауза во текот на заседание, 1990.
Sergei Guneev / Sputnik
10 – Горбачов поминува низ нива при посетата на Казахстан, 1991.
Boris Babanov / Sputnik
11 – Советскиот лидер храни верверичка во викендичката кај Москва, 1989.
Vlastimir Nesic SHONE/Gamma-Raph / Getty Images
12 – Михаил Горбачов и неговата сопруга Раиса излегуваат од авион во Њу Делхи при државна посета.
Peter Turnley/Corbis/VCG / Getty Images
13 – Михаил Горбачов ја симнува својата средновековна академска капа за време на церемонијата на која прими почесни докторати на два мадридски универзитета, 1990 година. Советскиот лидер им рече на официјалните лица дека повеќе би сакал да не ја носи таа капа додека не види во огледало како му стои.
AP
14 – На одмор на островот Ланзароте (Канарски острови)
Dusko Despotovic/Sygma / Getty Images
15 – Михаил Горбачов на одмор во Палма де Мајорка (Шпанија), 2000.
Gianni Ferrari/Cover / Getty Images