- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
1. Спартак (Москва)
Сергей Бобылев / TASS
Најлегендарниот клуб во историјата на рускиот фудбал, повеќекратниот национален шампион и победник на Купот на Русија, го доби името во 1935 година по Спартак, водачот на бунтот на робовите и гладијаторите против Римската република. Извор на инспирација за изборот на името беше истоимениот роман на Рафаел Џованиоли за познатиот борец за слобода, кој во тоа време беше многу популарен во Советскиот Сојуз.
2. ЦСКА (Москва)
Антон Новодережкин / TASS
Непопустливиот ривал на Спартак, ЦСКА е основан и во поголемиот дел од својата историја беше под закрила на Вооружените сили на земјата. Акронимот е кратенка за „Централен спортски клуб на армијата“. Освен во Москва, вакви фудбалски клубови поврзани со војската постоеја и во Казахстан, Таџикистан и Ерменија. Денес Бугарија има дури два фудбалски клуба ЦСКА - ЦСКА Софија и ЦСКА 1948.
3. Динамо (Москва)
Daniel Felipe Kutepov / Global Look Press
Додека ЦСКА беше под надзор на војската, спортскиот клуб „Динамо“ беше под капата на органите на државната безбедност и полицијата. Името беше избрано на соодветен начин, бидејќи старогрчкиот збор „динамо“ се преведува како „сила“. Други познати клубови „Динамо“ денес постојат во Киев и Дрезден.
4. Зенит (Санкт Петербург)
Etsuo Hara / Getty Images
Освојувачот на Купот на УЕФА 2008 година, фудбалскиот клуб „Зенит“ е водечки тим на Санкт Петербург, северната престолнина на Русија. Неговото име, кое ја симболизира незапирливата желба за освојување спортски височини, се појави заедно со клубот во 1940 година. Пред тоа беше познат како „Сталинец“.
5. Крила Советов (Самара)
Юрий Стрелец / Sputnik
Крила Советов (Крылья Советов) го должи своето необично име на советската воена авијација за време на Втората светска војна и, конкретно, на легендарниот јуришен авион Ил-2. Во 1942 година, кога беше основан тимот, главен центар за неговото производство беше Самара (во тоа време Кујбишев).
6. Локомотив (Москва)
Григорий Сысоев / Sputnik
Името на овој московски фудбалски клуб воопшто не изненадува. Тимот беше во надлежност на Народниот комесаријат (Министерство) за комуникациски патишта на Советскиот Сојуз и во првите години од неговото постоење за него играа железничари.
7. Рубин (Казан)
Егор Алеев / TASS
Според легендата, фудбалскиот клуб од главниот град на Република Татарстан го добил своето име во чест на радарскиот систем „Рубин“, кој бил вграден во стратешкиот бомбардер Ту-16 и други авиони произведени во тамошната фабрика.
8. Арсенал (Тула)
Станислав Красильников / TASS
Тула се смета за руска престолнина на оружјето. Нејзините воени фабрики и претпријатија ја вооружувале руската армија со векови и продолжуваат да го прават тоа до ден-денес. Не е чудно што во град со таква историја се појави клуб со такво име.
9. Шиник (Јарославл)
Павел Лисицын / Sputnik
До 1960 година тимот, кој ја претставуваше фабриката за гуми во Јарославл, играше под името „Химик“ („Хемичар“). За многу навивачи оваа ситуација изгледаше малку чудна и по нивните бројни апели клубот доби многу посоодветно име - „Шиник“ („шина“ е автомобилска гума, а „шинник“ работник во фабрика за гуми).