Знамето на московскиот цар 1693 година.
Public domainИсторичарите сметаат дека руското знаме се појавило во 1668 година. Неговиот прв прототип бил истакнат на првиот руски брод „Орел“ уште во времето на царот Алексеј Михајлович, но не е познато како всушност изгледал тој прототип и како биле распоредени линиите. Во изворите само се споменува дека за знамето било користено платно со црвена, бела и сина боја.
Сегашниот изглед на знамето е создаден во времето на Петар I. Платното со бела, сина и црвена рига се викало „знамето на царот Московски“. Токму таков примерок од 1693 година со двоглав орел е најстариот што е зачуван до денешен ден. Тоа знаме првпат било истакнато на бродот „Свети Петар“. Подоцна за воените бродови било воведено различно морско знаме, а тробојката со указ на Петар I била кревана на сите трговски и други цивилни бродови, меѓу другото и на бродовите на морепловците и шпедитерите.
Царот Николај II го прогласил бело-сино-црвеното знаме за национално знаме на Русија во 1896 година.
Бело-сино-црвеното знаме станало национален симбол дури за време на владеењето на царот Николај II. Владата одлучила да го обнови тоа „исконско руско“ национално знаме како симбол на единството на новиот цар со народот. Меѓутоа, по револуцијата од 1917 година, болшевиците ја укинале тробојката, како и сите други симболи на Империјата. За боја на новата советска земја беше избрана револуционерната црвена боја. Црвеното знаме со срп и чекан беше официјално прогласено за знаме на СССР во 1922 година како симбол на херојската борба на советскиот народ за изградба на социјализмот и комунизмот под водство на КПСС. Руската тробојка ќе се врати на сцена дури во 1990-тите.
Протести пред Белата куќа во Москва во август 1991 година. Претседателот на Русија Борис Николаевич Елцин (со знамето).
Игор Михаљов/SputnikДенот на државното знаме на Руската Федерација е 22 август. Се смета дека тоа е датумот на враќање на историската тробојка во поновата историја. Во СССР на 18-21 август беше извршен таканаречениот августовски пуч, т.е. обид за државен удар. Тогаш група партиски функционери, таканаречениот Државен комитет за вонредни состојби (ГКЧП), се прогласи за нов орган кој управува со земјата, а една од целите беше да го спречи распадот на СССР. Отпор пружи раководството на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република на чело со нејзиниот претседател Борис Елцин. Тој му се обрати на народот велејќи дека таквите методи со примена на сила „нé враќаат во епохата на Студената војна и изолацијата на Советскиот Сојуз од светската заедница“.
Илјадници луѓе се собраа пред Домот на Владата, а Борис Елцин ја крена токму таа руска бело-сино-црвена тробојка. ГКЧП претрпе пораз на 22 август, а три години подоцна Елцин го прогласи тој датум за ден на државното знаме.
Овде прочитајте повеќе за причините за распадот на СССР.
Војници на церемонија на полагање заклетва во Олимпискиот парк во Сочи.
Михил Мокрушин/SputnikПрвиот закон за знамето го донесе Борис Елцин во 1993 година, а Владимир Путин во 2000 година го потпиша Федералниот уставен закон „За Државното знаме на Руската Федерација“.
Законот строго предвидува како мора да изгледа знамето: „Државното знаме на Руската Федерација е правоаголно платно од три еднакви хоризонтални пруги: горната со бела, средната со сина и долната со црвена боја“. Односот на ширината на знамето спрема неговата должина е 2:3“, се вели во законот.
Законот пропишува каде може и каде не може да се истакнува знамето. Знамето е секогаш подигнато над државна институција од федерално значење. Тоа е официјален симбол на Руската Федерација, а регионите можат да го користат како основа за своите знамиња.
За време на денови на жалост, на врвот на националното знаме се прикачува црна лента. За исмејување на знамето и негово сквернавење се предвидени кривична одговорност и затворска казна.
Во XIX век се сметало дека белата боја ја означува слободата, сината бојата на Пресвета Богородица, а црвената е боја на државната власт. Не се знае точно какво значење им придавал Петар I на боите на знамето. Постојат многу верзии за значењето на секоја поединечна боја и целата композиција.
Една од најпопуларните верзии е дека белата боја значи мир и чистота, сината вера и чесност, а црвената сила, храброст и крвта пролеана за татковината.
Овде прочитајтеподетално за тоа што симболизираат боите на руското знаме.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче