Седум омилени животни на руските цареви

Public domain; Вячеслав Шварц
Лојални пријатели, придружници, спасители, најтрпеливи слушатели и актери на разни авантури. Ова е најкраткиот начин да се опишат животните, миленичињата на Петар Велики, Екатерина II и други руски владетели.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

1. Спасителот Лизета

Петар I во Битката кај Полтава

Враќајќи се од Големата амбасада, дипломатската мисија во Европа, Петар Велики во предградието на Рига наишол на трговци кои воделе за узда карабашки. Тоа била љубов на прв поглед. Царот за замена го понудил својот коњ и уште стотина холандски златници. Без многу размислување, Петар го нарекол коњот Лизета, како што се верува, по името ан една од тогашните миленички. Купувањето се исплатело. Коњот му бил верен на императорот и го признавал само него.

Петар I во Битката кај Полтава

Царот се борел со Лизета, меѓу другото, во Северната војна и во Персискиот поход. А за време на Битката кај Полтава, според легендата, Лизета му го спасила животот на својот коњаник. Кога Швеѓаните отвориле оган врз Петар, Лизета се потргнала на страна, а куршумите ги пробиле само седлото и капата на царот.

2. Дворска мачка

На дворот на Романови отсекогаш имало многу животни, меѓу кои имало и такви кои биле сериозно ангажирани. На пример, мачката на царот Алексеј Михајлович ловела бројни глодари во тоа време. Добила и свој портрет. „Верен приказ на мачката на Великиот кнез на Московија“ од 1663 година е потпишан од чешкиот сликар Вацлав Холкар. Мачката преокупирана со игра ја овековечи Вјачеслав Шварц на сликата „Сцена од домашниот живот на руските цареви“.

Царот Алексеј Михајлович игра шах

Наследниците на Алексеј Михајлович продолжиле да одгледуваат мачки. Петар Велики донел мачка од Холандија, а Елизавета Петровна наредила да се донесат најдобрите ловци на глувци од Казањ за да ги истребат стаорците и глувците во Зимскиот дворец.

3. Мистер и мисиз Андерсон

Екатерина II

Екатерина II обожувала кучиња. Нејзина најголема пасија станале малите италијански загари. Таа добила пар вакви грациозни кучиња од англискиот лекар Томас Димсдејл. Тие станале родоначалници на големо семејство импеарторски кучиња. Кученцата на г-дин Том Андерсон и г-ѓа Андерсон царицата им ги подарувала на блиски луѓе. Царски загари имале Волконски, Наришкини и кнезотз Орлов. Иако за кучињата се грижел специјален слуга, на прошетка ги изведувала лично Екатерина. Тој момент на платно го овековечил Владимир Бориковски прикажувајќи ја царицата со куче на прошетка.

Во кореспонденцијата царицата со задоволство зборувала за тоа како живеат нејзините миленици, а понекогаш дури и се извинувала за лошиот ракопис и дамките што на хартија ги оставале немирните кучиња. Меѓу милениците на Екатерина била и Земира, правнуката на Том Андерсон. Екатерина за неа не жалела ништо, кучето спиело во блаженство и раскош, на старите бунди од куна на господарката. Царицата тешко ја поднесувала смртта на своите миленици. За време на прошетките во Царско село таа секогаш доаѓала до местото на нивното последно почивалиште кај Големото езеро.

4. Циркуска пудла

Портрет на Николај I, 1849.

Гостите кои доаѓале во германски Карлсбад на одмор се труделе да ја гледаат претставата во кое една пудлица по име Мунито смета, погодува бои и карти. Рускиот амбасадор Дмитриј Татишчев дознал за ова чудо од куче и го купил како подарок за Николај I. Мунито го нарекол Гусар и лично го шетал и го хранел со двопек што го принесувале за појадок. Кога некој требало да се повика, му го праќале кучето, а кога кучето ќе ја нашло потребната личност, ја влечело за краевите на облеката.

5. Верниот Милорд

Императорот Александар II

Александар II го шетал сам својот омилен сетер, таа обврска никому не ја препуштал. Сите го знаеле црното куче со бела шепа, кучето повремено било немирно и скокало врз минувачите во Летната градина. Еднаш во улога на „жртва“ се нашол млад човек кој ю носел ѓеврек на баба си. Кога го видел царот, застанал во став мирно, покажувајќи почит кон царот, и во тој момент некој му го одзел печивото од левата рака. Тоа бил Милорд. Царот морал да го надомести украдениот ѓеврек со торта, а младиот човек да го обештети со многу бонбони.

Александар II

Како и малите италијански загари на Екатерина, царскиот сетер оставил потомство, а едно од кученцата зел Лав Толстој. Милорд бил неверојатно приврзан за својот господар и тоа на крајот го чинело главата. Императорот не го повел со себе на патување на Светскиот саем во Париз во 1867 година и кучето едноставно умрело од тага.

6. Лајката Камчатка

Александар III со семејството во дворецот во Гатчина

„Зар меѓу луѓето имам макар еден некористољубив пријател, таков нема и не може да има, а кучето може да биде тоа, и Камчатка беше такво куче“, велел Александар III за неговата бела лајка со дамки. На императорот му го донеле кучето морнарите од крстосувачот „Африка“. Со ова куче одел на лов, му дозволувал да спие во неговите одаи и го хранел со специјално подготвени делиактеси од мелено месо и црн дроб.

 

Александар III и царицата Марија Фјодоровна во лов на лисици

Кучето завршило трагично. Возот со кој кралското семејство се враќало од Крим за Санкт Петербург, излетал од шините во близина на станицата Борки. Царската двојка и децата поминале со набиеници, а кучето настрадало. Царот наредил неговиот лојален пријател да биде погребан во Гатчина, во малата градина спроти неговата канцеларија.

7. Слоновите на неговото величество

Николај II храни слонови во Царско село

Романови ги добиле овие прекрасни животни како подарок на почетокот на XIX век. Во Царско село за нив бил изграден посебен павилјон. Пар добродушни џинови му припаѓале и на Николај II. Тој донел индиски слон од патувањата на Исток, а африканскиот бил испратен од Абисинија. Слоновите имале посебен гонич кој ги придружувал и ги дресирал. Чувањето слонови не било евтино, 18 илјади рубли годишно. Без шега, слонот секојдневно јадел два пуда лепчиња пржени на масло.

И задолжително одел на прошетка до езерото каде им се предавал на благодетите на водата. Николај II во својот дневник напишал: „Со Алексеј донесов слон во нашето езеро и му се радував на неговото капење“. Африканскиот џин живеел во Царско село до 1917 година, кога бил застрелан од побунетите морнари.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња