Фасцинантни фотографии на советската ривиера низ објективот на белгиски фотограф

Carl De Keyzer / Magnum Photos / East News
Карл Де Кејзер го посети Сочи додека работеше на својот проект „Хомо Советикус“. Фотографиите што ги направи се полни со летни вибрации.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Карл Де Кејзер е реномиран фотограф од Белгија кој ги документираше последните години на Советскиот Сојуз.

Кон крајот на 1980-тите, советскиот лидер Михаил Горбачов започна политика на отвореност и перестројка. За меѓународните фотографи, тоа значеше дека СССР, некогаш строго чуваното општество, постепено се отвораше.

На западните новинари им беше дозволено да дојдат во Советскиот Сојуз да работат. За нивна среќа, тие години преставуваа и историски момент. За само неколку години, Советскиот Сојуз се распадна и Русија се појави како нова независна држава. Оние неколку фотографи кои имаа среќа и успеаја да им обезбедат пристап до земјата во доцните 1980-ти создадоа важен дел од работите, доловувајќи го уникатниот дух на советската империја.

Карл Де Кејзер го посети Советскиот Сојуз дванаесет пати во период од една година - од август 1988 до август 1989 година. Работејќи на проект наречен „Хомо Советикус“, фотографот го посети Сочи, град на брегот на Црното море и популарна туристичка дестинација во рамките на Советскиот Сојуз.

Сочи е основан како едно од најелегантните летувалишта во СССР во времето на Сталин, чија омилена резиденција е изградена токму во овој град. По распадот на Советскиот Сојуз, Сочи стана можеби најпопуларното летно одморалиште во Русија.

Во 1988 година фотографот ги сними Советите како се опуштаат покрај морето, се сончаат и генерално добро се забавуваат, несвесни за фактот дека нивните животи засекогаш ќе се сменат за само неколку години.

Карл Де Кајзер успеа да го долови уникатниот дух на овој советски остров на мирот зачуван среде застарениот советски систем кој беше пред неизбежен колапс.

Работата на Карл Де Кејзер го прикажува Сочи како место каде луѓето доаѓаат да избегаат од секојдневните работи и животните предизвици. Иако се црно-бели, фотографиите на Карл Де Кејзер како да ја доловуваат топлината што извира од сонцето, морето и плажите во Сочи.

Луѓето често позираат во костими за капење, сончајќи се на плажа или на не толку вообичаени места, на пример, покрај паркинг или на бетонски скали загреани од сончевата светлина.

Фотографиите непогрешливо ја прикажуваат летната атмосфера: и младите и постарите изгледаат живо и полни со енергија, со блескавото Црно море како позадина.

Иако Советскиот Сојуз се распадна по неколку години, одморалиштето не исчезна. Од година во година, Русите итаа кон Сочи во потрага по истата летна атмосфера.

Поминаа години откако Карл Де Кејзер го заврши својот проект во СССР, како и делот поврзан со Сочи. Оттогаш градот се разви и како популарно летно и зимско одморалиште и дури беше домаќин на XXII Зимски олимписки игри 2014 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња