- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
Семејството Романови секогаш било меѓу првите патници при тестирањето на новите железнички пруги. Во 1837 година, царот Николај I со задоволство се возел со првата руска железница од Санкт Петербург до Царско Село. Оттогаш кралското семејство секогаш уживало во патувањата со воз и секогаш имало свој вагон, па дури и неколку.

Јавен домен
Романови често патувале на релација Санкт Петербург - Москва, како и во странство. Во 80-тите години на XIX рускиот железнички систем станал многу распространет низ целата земја, и царското семејство често патувало, особено на Крим, но и во други краишта на царството.
Во 1888 година возот во кој се наоѓале Александар III и царското семејство доживеал страшна несреќа. За среќа, членовите на царското семејство не биле повредени. Царот, познат по својата физичка сила, како Атлас на рамениците го задржал таванот на вагонот доволно долго за неговата сопруга и децата да излезат од уништениот воз.
Кон крајот на 90-тите години на XIX век за царското семејство бил направен целосно нов воз. Имал 10 вагони, во кои имало спална соба за царот и царицата, соба за прием, канцеларија, кујна, трпезарија, детска соба, соби за другите членови на кралското семејство, за слугите, железничките работници, просторија за багаж и специјално уредена соба за молитва.
Царот Николај II бил првиот и последен цар кој го користел овој воз. Ова се некои од фотографиите од овој „дворец на тркала“.
Вака изгледале вагоните однадвор
Јавен домен
Просторот меѓу вагоните
Јавен домен
Динамото што го обезбедувало електричното осветление во возот
Јавен домен
Малата кнегиња Анастасија во возот
Јавен домен
Сите салони биле уредени по последната мода со користење црвено полирано дрво, сребро, кожа и најдобрите француски материјали.
Јавен домен
Во еден вагон на царскиот воз
Јавен домен
Ходникот на вагонот со спалните соби на слугите
Јавен домен
Ѕидовите и мебелот биле тапацирани во англиски стил со ткаенина со цветни дезени
Јавен домен
Канцеларијата и спалната соба за железничкиот контролор
Јавен домен
Салонот за одмор
Јавен домен
Собите за женските и машките членови на царската свита
Прозорецот на царската канцеларија (лево) и вратата од канцеларијата на царот и царицата
Канцеларијата на Неговото Величество
Канцеларијата на Нејзиното Величество
Собата за прием
Собата на дворската дама
Првата соба за великите кнезови
Втората соба за великите кнезови
Третата соба за великите кнезови
Собата за царевата ќерка, малата кнегиња Олга
Кујната
Трпезаријата
Царот руча во друштво на генерали
Јавен домен
Фрагмент од трпезаријата
Јавен домен
Бањата
Јавен домен
Тоалетот
Јавен домен
Службеници на царскиот воз
Јавен домен
Мебел за „дворецот на тркалаˮ
Јавен домен
Фрагмент од собата за прием
Јавен домен
Николај II со сопругата, царицата Александра и нивниот син Алексеј во возот
Јавен домен
Николај II при заминувањето на фронтот на Првата светска војна
Јавен домен