Како болшевиците го измислија „усниот весник“

МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Во Русија пред револуцијата и 1917 година имаше малку повеќе од 20% од луѓето кои знаеја да читаат и пишуваат. Болшевиците како една од нивните главни задачи ја поставија елиминацијата на неписменоста, со која уште во 1919 година се позанимаваа.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“сме секогаш со вас!

За да се научат луѓето да читаат беше потребно време, а пропагандата требаше да работи со молскавична брзина. На крајот на краиштата, неписменото население, работниците, селаните и војниците, беа целна група во овој случај. Но, тогаш тоа не беше само проблем, туку и огромен недостиг на ресурси за печатот. Затоа се најде многу елегантно решение како излез од ситуацијата - „устен весник“.

Причина за појавата на таков оригинален феномен како што се „усните весници“ беше, меѓу другото, големиот недостаток на хартија за време на Граѓанската војна.

Револуционерните болшевички весници во прво време се читаа на глас пред големи групи луѓе. Во првото советско стручно списание „Црвениот новинар“ многу се пишуваше за „усните весници“, а нивните „уредници“ го споделуваа своето искуство и успеси.

Така, во Смоленск двапати неделно во централниот парк се читаше дневниот весник кој објавуваше текстови на актуелни теми и донесуваше локални вести. Сепак, уредниците забележаа дека слушателите најмногу ги интересираат сатирични содржини, хумор и песни. Препорачаното време за читање беше максимум еден час.

Жив весник „Паровоз“

Со текот на времето, се покажа дека вообичаениот новинарски текст е тежок за рецепција со слушање и дека мора да биде обработен и прилагоден на усна форма. Покрај тоа, за читање беше неопходен добар говорник. Ширум земјата почнаа да крстосуваат пропагандни возови и возила кои прикажуваа филмови, а се читаа и усни весници, се упатуваа идеолошки апели и се соопштуваа главните вести и победите на Црвените.

Агитациски воз „Советски кинематограф“

Сепак, слушајќи ги и специјално обработените материјали, на војниците, на пример, често им стануваше здодевно. Во тој момент „усниот весник“ стана „жив весник“, еден вид театарска претстава.

Сцена од претстава на колективот на жив весник

Аматерски актери играа скечеви во кои ја доловуваа вистинската природа на непријателот „буржуј“ и зборуваа зошто треба да се бори човекот против него. Се пееја разни песни, меѓу кои и шеговити частушки.

Сцена од претстава на колективот на жив весник

„Живиот весник“ беше исклучително популарен и постоеше сé до триесеттите години на минатиот век. Материјалот го прикажуваа бројни аматерски театарски групи. Со текот на времето изведувањето стануваше сé покомплексно, како на планот на содржината, така и на сценографијата.

Сцена од претстава на колективот на жив весник

Беше замислено „живиот“ весник да носи практични информации, како, на пример, превенција на заразни болести или хигиенски правила. Во земјата беснееја тифус и колера, па пропагандните тимови посветуваа цели изданија на борбата против болестите, зборувајќи како треба да се елиминираат вошките, да се проветруваат просториите и да се пие само чиста вода. Сето тоа се пласираше во вид на частушки, бодри шеговити песни.  

Жив весник „Пулс“

„Со запрен здив,

гледајте го весникот,

зашто само вистината

ќе ја најдете во него“.

Членови на колективот на „Жив весник“ на 132 Донецки полк

Најважната разлика во однос на театарската претстава беше тоа што „жив“ весник беа перформанси на секојдневни и политички теми. По Граѓанската војна, тие се изведуваа не само за војниците, туку и во клубовите, културните центри, училиштата и парковите.

Една од најпопуларните пропагандни театарски групи беше „Сината блуза“. Таа имаше бројни пропагандни екипи кои на широките маси им ја пренесуваа револуционерната уметност и политички информации, користеа авангардни костими и музичка придружба.

Скечеви, монолози, куплети, частушки, со еден збор „живиот“ весник влијаеше дури и на развојот на советскиот печат и неговата специфична љубов кон сатирата и фељтоните. И бидејќи неписменоста беше победена, уметниците уште долго време во парковите и домовите на културата ширум СССР изведуваа куплети и монолози тематски поврзани со секојдневниот живот.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња