- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“сме секогаш со вас!
8 март во Советскиот Сојуз официјално стана национален празник 1966 година, иако се славеше од порано. Во 1910 година, на Меѓународниот конгрес на социјалистичките жени во Копенхаген, Клара Цеткин од Германија предложи Меѓународниот ден на жената да се одбележува на 8 март. Нејзиниот предлог беше прифатен во Русија, а потоа и ширум Советскиот Сојуз. Првите демонстрации се одржаа во Санкт Петербург во 1913 и 1914 година.
МАММ/МДФ/russiainphoto
На 23 февруари (8 март по нов календар) 1917 година жените излегоа на улиците да протестираат против гладот и царизмот. Тоа не беа мирни демонстрации. Тие ја покренаа Февруарската револуција и ставија крај на владеењето на Романови.
TASS
Наредната година, 8 март стана ден кога работниците одржуваа свечени собири во фабриките, на кои зборуваа за достигнувањата на жените во советската индустрија и дискутираа за состојбата на работничките во другите земји.
Виталиj Карпов / Sputnik
На овој ден на работничките им се доделуваа и награди за ударнички труд или за особени заслуги во работата.
Борис Кавашкин / Sputnik
По повод овој празник Советите објавуваа пригодни разгледници и поштенски марки.
Public domain
Всушност, многу советски фабрики ги добиваа имињата не само по познати комунисти, туку и во чест на 8 март. Повеќето беа текстилни фабрики кои работат и денес.
Иван Шламов / TASS
Кога 8 март стана официјален празник 1966 година, состаноците беа поместувани за ден порано, а празникот се славеше дома. Тоа беше извесен пресврт во доживувањето на самиот празник.
Владимир Грановски / Sputnik
На овој ден, мажите ја преземаа улогата на домаќинка: наутро ќе донесеа цвеќиња и колачи, а потоа ќе зготвеа ручек за целото семејство.
Тихонов / Sputnik
Сопругата на Ленин - Надежда Крупскаја, наводно предложила на овој ден на жените да им се подаруваат мимози, бидејќи друго цвеќе во Русија многу тешко можело да се најде во студената доба од годината.
А. Аганов / TASS
И децата учествуваа во подготовките за празникот: цртаа честитки и помагаа во кујната.
А. Анжанов / Sputnik
Беше доволно жените на овој ден да изгледаат убаво, да ја облечат најубавата облека и да направат убави фризури, одмарајќи се од секојдневните обврски, бидејќи и покрај декларацијата за рамноправност меѓу половите, тие не ги оставија своите обврски во домаќинството.
С. Магзумов / Sputnik
Денес, во Русија, како и во многу постсоветски земји, и понатаму е жив обичајот за прославување на 8 март. Главниот подарок е, како и досега, цвеќе.