- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Cо „Телеграм“ сме секогаш со вас!

Legion Media
Виборг е еден од најживописните градови во Русија. Шведските средновековни градби овде се наоѓаат веднаш до зградите од времето на Руската империја, Финската Република и Советскиот Сојуз.

Јавен домен
Градот е основан во 1293 година за време на шведските крстоносни војни во земјите на паганскиот народ Карели. Токму тогаш, по наредба на војсководецот Торгел Кнутсон, на мал остров бил изграден замок, кој денес е главниот симбол на градот.
Јавен домен
Повеќе од пет века, Виборг бил дел од Шведска и бил еден од најголемите, најважните и најубави градови во кралството. Новгородската Република неколкповеќе пати се обидела да ја преземе од Швеѓаните нивната главна тврдина во Карелија, но безуспешно.
The Library of Congress
Дури во 1710 година, во екот на Северната војна меѓу Русија и Шведска, непристапната тврдина паднала по тримесечна опсада. Според условите на Ништадскиот мировен договор од 1721 година, Виборг и дел од Карелија преминале под власта на руските цареви.
Јавен домен
Сместен практично на границата со Швеѓаните кои посакувале реванш, градот од север ја штител новата престолнина на Руската империја Санкт Петербург. Бидејќи древниот замок повеќе не играл голема улога во воена смисла, во Виборг биле изградени низа моќни одбранбени утврдувања, таканаречените Ањенски утврдувања.
Јавен домен
Во 1743 година, Шведска e поразена во војна со Русија, губејќи некои од своите фински територии. Наредната година, тие стануваат дел од новоформираната Виборшка губернија со Виборг како административен центар.
Јавен домен
По Руско-шведската војна од 1808-1809 година Русија ја добива цела Финска, која во состав на Империјата го добива називот Великото кнежество Финска. Две години по склучувањето на мирот со одлука на царот Александар I ѝ е приклучена таканаречената „Стара Финска“ заедно со Виборг. На тој начин царот несвесно поставил мина со задоцнето дејство, која се активирала во 30-тите години на XX век.
Јавен домен
Сé до крајот на Руската империја Виборг бил еден од најразвиените индустриски центри во северозападниот дел на земјата. Во 1917 година во градот живееле околу 50000 луѓе, 81% биле Финци, 10% Швеѓани и само 6,5% Руси.
Getty Images
На 6 декември 1917 година Финска, во чиј состав се наоѓа и Виборг, прогласува независност од Советска Русија, а два месеци подоцна во неа беснее Граѓанска војна. Градот е едно од последните упоришта на Црвената гарда и неговиот пад на крајот на април го означува крајот на конфликтот. Во текот на битката за Виборг двете страни вршат воени злосторства. Како одмазда за тоа што „црвените“ застрелале 30 политички затвореници во локалниот затвор, „белите“, кои го освојуваат Виборг, егзекутираат над триста луѓе од редовите на „црвените“, како и цивилно руско население.
Сергеј Шимански / Sputnik
Близината на вториот по значење град во СССР – Ленинград до финската граница го загрижува раководството на земјата во 1930-тите. На крај Карелскиот провлак со Виборг станува сцена на вооружен судир меѓу Црвената армија и финската војска за време на таканаречената Зимска војна. На 13 март 1940 година, кога страните потпишуваат мировен договор во Москва, во Виборг и понатаму траат жестоки борби.
Јаков Рјумкин / Sputnik
Кон крајот на август 1941 година финската војска, која учествуваше во операцијата Барбароса, го зазеде градот и го држеше под контрола речиси три години. На 20 јуни 1944 година советската војска конечно го ослободи Виборг. За напатениот град, кој во текот на својата повеќевековна историја неколку пати ги менуваше владетелите, конечно дојдоа мирни времиња.