Американската војска направила сè своите постројки за развој на нуклеарна бомба да ги задржат во тајност. На пример, генерал-поручникот Лесли Гровс, воен раководител на проектот, направил таканаречена „мртва зона“ во затворениот град Оак Риџ. Вработените тука имале пристап само до некои делови од тајниот центар за збогатен ураниум и полониум, а на луѓето од различни оддели не им било дозволено да разговараат меѓу себе.
Центар за збогатен ураниум во Оак Риџ
Меѓутоа, ограничувањата во центарот Оак Риџ не се однесувале на операторите со рендгенски знаци, меѓу кои бил и Џорџ Ковал, воен командант познат само како американски патриот. Роден во 1913 година во Ајова во семејство на еврејски емигранти, Ковал пред Втората светска војна работел во компанијата за електрична енергија „Рејвен“. Во 1943 година бил мобилизиран. Комисијата обрнала внимание на тоа дека не ги завршил инженерските студии на Универзитетот во Ајова и барала од него да помине курс за користење рендгенски зраци на Градскиот колеџ во Њујорк. Тој бил еден од најдобрите студенти на овој курс и така бил упатен во Оак Риџ.
Џорџ Ковал (четврти одлево во горниот ред) со колегите-студенти на Градскиот колеџ во Њујорк.
Во постројката во Оак Риџ Ковал со голема внимателност ја проверувал дозата на радијацијата кај работниците. Ја прегледувал опремата и разговарал со сите оние што сакале да зборуваат. За разлика од челните луѓе на проектот, кои секогаш биле набљудувани, Ковал никогаш не бил под сомнение дека има скриени мотиви. Во 1945 година бил префрлен во лабораторијата во Дејтон во Охајо. До крајот на војната Ковал бил толку уважен што командата планирала да го испрати во Јапонија за да ги истражува последиците од експлозиите во Хирошима и во Нагасаки. На крајот му е понудена друга работа и не заминал во Јапонија. Наместо тоа ја напуштил работата и во 1948 година заминал од САД со цел, како што тврдел, да учествува во изградба на електрана во Европа.
Лабораторија Дејтон
Првата советска бомба е тестирана во 1949 година. Потоа американските разузнавачки служби станале сомничави и започнале истрага за тоа дали во американскиот проект за нуклеарна бомба имало советски шпиони. Ковал се нашол во средиштето на истрагата и сите кои можеби го познавале биле сослушани. Истражителите на крајот сфатиле дека тој бил агент на ГРУ (Главната разузнавачка управа во СССР). Дури нашле и советско списание со фотографија на семејството Ковал и на него го препознале Џорџ. Сето тоа било сосема неочекувано. Стјуард Д. Блум, колегата на Ковал од факултет, еднаш изјави: „Немаше руски акцент. Зборуваше англиски течно, американски англиски. Неговите квалификации беа беспрекорни“.
„Печурка“ по експлозија на РДС-1, првата советска нуклеарна бомба, 1949 година.
Америка реши ова откритие да го задржи во тајност. Истражувачот и писател Роберт С. Норис, објасни дека „за американската власт би било мошне поразувачки доколку тоа се открие“. Ова навистина беше случај зашто работата на Ковал во центарот Оак Риџ за него како агент беше вистинска добивка. Советската разузнавачка служба беше запознаена со развојот на нуклеарната бомба во лабораторијата во Лос Аламос, но ништо не знаеше за самата работа што се одвиваше во Оак Риџ!
Во постројката во Оак Риџ
Тогаш веќе беше премногу доцна да се уапси Ковал. Советскиот таен агент под кодно име Клајд кој соработуваше со Ковал видел неверојатна пригода кога на Џорџ му било понудено да продолжи да работи во американската нуклеарна индустрија по војната. Ковал, меѓутоа, почувствувал дека ситуацијата се комплицира, зашто во САД и во Канада веќе се одвивале низа советски разузнавачки операции. Го убедил Клајд дека треба да се врати во СССР.
Ковал навистина имаше посебно место како советски таен агент. Неговото познавање од хемијата му овозможи да разбере како функционираат сите овие непознати нови технологии, додека агентот во него секогаш ја држеше на око постројката, барајќи што било што ќе му биде од корист за советскиот нуклеарен проект. Стјуард Д. Блум се сеќава дека го „видел загледан во далечината додека размислува за нешто друго. Сега мислам дека знам што беше тоа“.
Џорџ Ковал
Ковал можеше да ги идентификува американските нуклеарни објекти и нивната структура. Тој беше првиот советски агент кој во рацете држеше метален полониум и кој сфати дека Американците во својата нуклеарна бомба користат полониум и како го добиваат. Ковал во СССР ја испрати технологијата за изработка на полониумски неутронски иницијатор со чија помош беше активирана бомбата во СССР. Големиот советски физичар Игор Курчатов не знаеше кој го открил сето тоа, но таа информација му помогна во создавањето на советската нуклеарна бомба.
Игор Курчатов
Американската воена команда не знаеше за еден важен факт: Џорџ Ковал осум години живееше во СССР. Не знаеше дека семејството Ковал, кое ја напуштило Руската Империја пред раѓањето на Џорџ, се вратило во СССР во 1932 година. Тие се населиле во Еврејскиот автономен округ и живееја во Биробиџан (6.000 километри југоисточно од Москва). Семејството дури се има појавено на фотографија во едно списание.
Брегот на Су Сити, 1912 година
Образованието на Ковал беше само почетокот. Во 1934 година се запишал на хемискиот факултет во Москва и станал исклучителен стручњак. Потоа почнал да студира за научно звање, но ГРУ во 1939 година ја променила насоката на неговата кариера. Тој ѝ се вратил по доаѓањето од САД, но имал тешкотии да најде работа, зашто неговата работа како разузнавач била тајна, а тоа довело до десетгодишна пауза во работата во државните институции. Во 1953 година писмото што го испратил до ГРУ го решило овој проблем. Ковал напишал: „не сакав да ве вознемирувам, но 19 години од мојата служба кај вас претставува празнина во мојата биографија“.
Ветеранска потврда за воена разузнавачка служба на Џорџ Ковал
Во 1939 година Ковал веднаш се согласил да ѝ се приклучи на ова советска разузнавачка организација. Неговата стручност во полето на науката и совршениот англиски ја привлекле ГРУ да го испрати како длабокоскриен агент во САД. Го минал курсот на специјални обуки и му било доделено кодното име „Делмар“. Со лажни документи Ковал во 1940 година тргнал од Владивосток за Сан Франциско со советски танкер. Бил загрижен дека ќе го фатат, но успеал да мине низ контролните пунктови со капетанот на танкерот кој ги покажал жена си, својата ќерка и Ковал, велејќи дека се дојдени со него, така што никој не ги проверувал неговите нови документи. Ковал заминал за Њујорк каде се запознал со советските агенти и воспоставил сè што му било потребно за работа.
Делмар, како и командата во Москва, набргу сфатиле дека би било побезбедно да го земе своето вистинско име, особено зашто Ковал го имал задржано американското државјанство. Повторно се појавил под вистинското име, а ГРУ му дала работа во организација која служела како параван за разузнавачките активности под називот Компанија за електрична енергија „Рејвен“. Во 1943 година оваа компанија не можеше да ја спречи мобилизацијата на Ковал во составот на американската војска.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче