Путин призна дека во деведесеттите морал да работи и како таксист

Историја
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во деведесеттите години рускиот претседател Владимир Путин морал да работи и како таксист. Како што кажа тој, „непријатно“ му е да зборува за тоа, но факт е дека во деведесеттите бил принуден на тоа.

Видеоснимка во кое претседателот на Русија Владимир Путин признава дека во 1990-тите работел и како таксист е дел од филмот „Нова историја“, емитуван во неделата на телевизијата Русија 1. Инсерти од филмот објави „Русија 1“.

„Понекогаш морав да работам и како таксист. Непријатно ми е да зборувам за тоа, но за жал и такво имаше“, рече Путин.

Во интервјуто за филмот „Путин“ на новинарот на ВГТРК од 2018 година Андреј Кондрашов, портпаролот на изборниот штаб на Путин, претседателот зборува само за подготвеноста во деведесеттите да работи и како таксист. Како што рече тогаш, тој размислувал за тоа откако градоначалникот Анатолиј Собчак загубил на губернаторските избори (Путин беше шеф на неговиот предизборен штаб). „Размислував што да работам, можеби дури и како таксист. Не се шегувам, што да се прави, две мали деца“, изјави тогаш рускиот претседател.