Според мислењето на стручњаците, фосилизираните остатоци пронајдени во сибирската пештера се стари околу 200 илјади години, што значи дека се, како што се наведува, најстарите познати денисовци досега. Староста на остатоците е проценета врз основа на слојот почва во кој беа пронајдени.
Во наведениот слој се наоѓаа и бројни камени артефакти и остатоци на животни кои на археолозите можат да им укажат на важни факти за животот на денисовците.
Денисовците се изумрена група на древни луѓе чии останки се пронајдени во Сибир и на Тибет.