Во пештера во Сибир пронајдени најстарите остатоци од мистериозен човечки предок

commons.wikimedia.org
Во Денисовата пештера која се наоѓа во Солонешкиот реон во Алтајскиот крај во Русија се пронајдени остатоци на таинствениот човеков предок денисовецот, пренесуваат руските медиуми.

Според мислењето на стручњаците, фосилизираните остатоци пронајдени во сибирската пештера се стари околу 200 илјади години, што значи дека се, како што се наведува, најстарите познати денисовци досега. Староста на остатоците е проценета врз основа на слојот почва во кој беа пронајдени.

Во наведениот слој се наоѓаа и бројни камени артефакти и остатоци на животни кои на археолозите можат да им укажат на важни факти за животот на денисовците.

Денисовците се изумрена група на древни луѓе чии останки се пронајдени во Сибир и на Тибет.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња