Како белгискиот револвер „Наган“ стана симбол на руската револуција во 1917 година

Револвер на системот „Наган“ (примерок од 1895 година) на изложбата „Александар III. Миротворец“ во Државниот историски музеј во Москва.

Револвер на системот „Наган“ (примерок од 1895 година) на изложбата „Александар III. Миротворец“ во Државниот историски музеј во Москва.

Сергеј Пјатаков/Sputnik
Властите во царска Русија го избраа овој пиштол за својата армија бидејќи можеше да убие коњ на дистанца од 50 чекори.

На почетокот на револуцијата во 1917 година руските војници и офицери имаа речиси еден милион револвери „Наган“ (Nagant). Ова оружје стана симбол на епохата и нераскинлив атрибут на секој филм во кој се прикажуваат настаните од тоа време.

Но, како се случи белгискиот револвер да стане масовно оружје во руската војска?

Носители на Георгиевски крст со „Наган“, 1915.

Какво мораше да биде новото лично вооружувње во руската армија?

„Во тоа време револверите беа најсигурното и најефикасното оружје. Така е избран пиштолот како основно оружје на нашите војници и офицери“, изјави за порталот Russia Beyond Игор Коротченко, главен уредник на списанието „Национална одбрана“ (Национальная оборона).

Уште на крајот на 19 век се поставени строги стандарди за новиот воен револвер. Тој мораше да биде многу пробоен и во исто време прецизен и да користи иста муниција и исти жлебови во цевката како „тролиниската“ пушка „Мосин“ која во тоа време беше ставена во употреба.

„Покрај тоа, оружјето со кратка цевка мораше да биде лесно, едноставно и сигурно и процесот на производство во фабриката да не биде комплициран. Се бараше и тоа оружје да убие коњ на дистанца од 50 чекори“, раскажува Коротченко.

Новиот пиштол не смеел да има механизам за полуавтоматска стрелба, што во наше време звучи прилично чудно. Експертот го образложи тоа барање на следниов начин:

„Друг многу важен фактор во тоа време беше потрошувачката на муниција. Беше потребно оружје со кое војникот нема да ја испука целата муниција за пет минути, бидејќи доставувањето на муниција и оружје на фронтот траеше и по неколку недели“, вели Коротченко.

Според него, највисоките генерали на царската армија се плашеле од голема потрошувачка на муниција. Поради тоа бил потребен пиштол на кој војникот ќе морал секој пат да го затегнува чкрапалото пред да пука. Таквата околност го принудувала војникот внимателно да ракува со оружјето. Така тој гаѓал попрецизно и штедел повеќе муниција, која во тогашните историски околности навистина била тешка за достава на фронтот.

Зошто токму револверот „Наган“?

Припадници на Црвената гарда на железничкиот округ.

Коротченко објаснува дека на крајот на 19 век во Русија не се произведувало оружје со кратка цевка и затоа воениот врв морал да бара варијанти во странство.

Во тоа време постоеја два модели кои можеа да конкурираат за титулата главен пиштол во Русија во текот на наредните децении. Двата модели се произведени во Белгија. Едниот е пиштолот на Леон Наган, а другиот на Анри Пипер.

Пиштолот на Наган победи на конкурсот и тоа поради неколку причини.

Пред сè, тој беше добро познат во руското Министерство за одбрана.

Второ, револверот „Наган“ немаше способност да пука брзо и беше многу посигурен од конкуренцијата.

И трето, „Наган“ имаше прилично едноставна и сигурна конструкција. Лесно можеше да се прилагоди за производство во фабриките на царска Русија, а тоа е исто така важен фактор

Руската армија презеде две верзии на „Наган“, едната за офицери, а другата за обичните војници. Првиот модел беше полуавтоматски, а кај вториот мораше да се повлече чкрапалото пред секој истрел.

Зошто „Наган“ им се допаѓаше на луѓето?

Актерот Анатолиј Кузнецов во улогата на Сухов во филмот „Белото сонце на пустината“ (режисер Владимир Мотиљ).

„Наган“ имаше многу предности и беше одлично оружје за своето време. Не се заглавуваше и секогаш беше лесно да се повлече чкрапалото и уште еднаш да се пука.

Но, главните предности на пиштолот беа неговата прецизност, удобната дршка и сигурноста, бидејќи функционираше одлично дури и по паѓање во кал или песок.

Тоа особено доаѓаше до израз во борбата гради в гради, кога непријателот можеше да се појави од која било страна.

Сериозни недостатоци на револверот беа бавното полнење и значителното напрегање на шаката при стрелба со затворач кој автоматски се блокира.

Експертот сугерира дека при утврдувањето на предностите и недостатоците на оружјето од другите епохи се земаат предвид историскиот период и тогашните претстави за оружјето што им е потребно на вооружените структури.

„Решенијата кои денес ни изгледаат парадоксално и чудно, на пример затегнување на чкрапалото пред секој истрел, изгледале сосема нормални пред 150 години. Секоја набавка на оружје е своевиден пресек на состојбата на одредена епоха. Можеби за 100 години и нашите потомци ќе ги доживуваат ракетите и тенковите што денес ги набавуваме за армијата и ќе мислат: „Што им требало тоа, кога тие орудија имаат толку многу недостатоци што ни се очигледни?“, тој кажа.

Луѓето во врвот на војската секогаш си ја знаат работата. Ако во нивно време сметале дека треба да се постапува на одреден начин, а не поинаку, тогаш тоа значи дека токму така и било.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња