„Како и името на комунизмот, така и името твое стана секојдневен збор“
Така пишуваа за Сталин неговите сонародници, поетите од Грузија. Тие припаѓаа на групата бројни автори на „сталинијаната“, корпус на пропагандни уметнички дела кои го издигаа водачот до небото. На Сталин му подигаа споменици, градови, фабрики и улици беа именувани по него, се снимаа филмови, се пишуваа приказни и песни, се сликаа слики. Меѓутоа, покрај сето тоа, Сталин беше главниот лик на индустриското и занаетчиското производство, неговиот лик беше печатен на плакати, поштенски марки, календари, украсуваше чаршафи и дела од тантела. Во становите, училиштата и бројни други институции стоеја негови бисти.
Култот на личноста, замислен во 1929 година на големата прослава на педесеттиот роденден на Сталин, беше укинат дури во 1956 година на Дваесеттиот конгрес на партијата. Требаше да поминат повеќе од 20 години за да биде „сталинистичката“ продукција повлечена од оптек. Погледнете како изгледаа нештата што можеа да се сретнат во речиси секоја советска куќа.
Плакат „Напред другари во нови победи!“, 1930-ти.

Архивска фотографија
Плакат „Слава му на големиот Сталин”

Архивска фотографија
Плакат „Сталин - нашиот кормилар“, 1933.
„Капетанот на земјата на Советите нé води од победа до победа!“
Архивска фотографија
Плакат „За секој од нас се грижи Сталин во Кремљ“, 1940.
Архивска фотографија
Плакат „Саканиот Сталин – среќата на народот”
Архивска фотографија
Туркменски тепих со портрет на Сталин, 1936.
Државен музеј на Истокот
Туркменски тепих „Сталин на гости кај Ленин”, 1936-37
Вологодска тантела со истата тема „Сталин на гости кај Ленин“
Вологодски државен музеј
Поштенска марка со значка „Лауреат на Сталинската награда“, 1946.
Public domain
Поштенска марка со медал „За победата над Германија во Големата татковинска војна 1941-1945.“, 1946
Public domain
Поштенска марка „Сесојузна парада на фискултурниците во Москва“, 1946
Public domain
Биста на Сталин, Ленинградска фабрика за порцелан (15 см), 1949.
Биста на Сталин во бронза, 1938.
Бронзена фигурина на Сталин во шинел, 1938.
Ѕидно пано, Каслинска фабрика за леано железо, 1950 година.
Монета, 1949 година.
Значка со ликот на Сталин.
Многу значки со ликот на Сталин.
Календари со ликот на Сталин.
Медали за победата над Германија (лево) и работа и храбра работа за време на Големата татковинска војна.
Public domain
Пропаганден порцелан со ликот на Сталин.