Како пушката „Мосин“ ја промени руската војска

Архива на Нинељ Александровна Устинова / russiainphoto
Пушката „Мосин“ е едно од најраспространетите огнени оружја на ХХ век.

За историјата на познатата тролинејка која ја промени руската војска пишува американскиот воен експерт Питер Сучиу во угледниот магазин „Национален Интерес“ (The National Interest).

Руско-турската војна водена од 1877 до 1878 година ѝ ја покажала на командата на руската војска неопходноста од развој на ново огнено оружје. Поради фактот што Турците биле вооружени со „Винчестерки“, а Русите - со пушки „Берданки“ со еднократно полнење, загубите на вториве биле значителни.

Царската комисија почнала со разгледување на пријавите поднесени за соодветниот конкурс. Рускиот оружар Сергеј Мосин понудил решение засновано на неговиот претходен модел на пушка со еднократно полнење. Тролиниската пушка со калибар 7,62 мм била во рангот на вооружувањето на западните војски. Вториот проект, кој добил одобрение од комисијата, бил претставен од белгискиот дизајнер Леон Наган.

Изборот паднал на пушката на Мосин. Тука улога одиграле и евтиното производство и конструкцијата на затворачот, како и сигурноста на магацинот. Рускиот оружар морал да го доработи своето решение, земајќи ги предвид идентификуваните недостатоци. Наган, пак, поднесува патентна тужба бидејќи во конструирањето Мосин го користел неговиот шаржер. Меѓутоа, прашањето било брзо решено, парите според тужбата платени, а револверот „Наган“ М95 влегува во вооружувањето на руската армија.

Во Руско-јапонската војна (1904-1905), руската војска била вооружена со пушки „Мосин“. На почетокот на Првата светска војна руската индустрија не можела целосно да ја задоволи побарувачката за оваа пушка, па делумно се произведувала во САД. Меѓутоа, по револуцијата, болшевиците кои тогаш дошле на власт, одбиле да платат за испорака, па така 280 илјади пушки останале во вооружувањето на американската војска.

Пушката од 1891 година е модифицирана во 1930 година. Добивајќи снајперски нишан, тролинејката станува легендарно оружје од Втората светска војна. „Подоцна се произведени различни верзии на карабинот, но сé започна од тролинејската пушка М1891“, пишува Петер Сучиу.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња