На трпезите во царските дворци јадењето и пиењето се сервирале во најдобрите садови што можеле да се најдат во Руската империја и во странство. И многу други припадници на Куќата на Романов, исто така, ги нарачувале најфините предмети за сервирање и украсување маси.
Приказната за главниот снабдувач со стакло на царскиот двор започнува во 1777 година. Токму тогаш Екатерина Втора купила производство на стакло и ја нарекува Императорска фабрика за стакло.
Нарачките не се одбивале, меѓутоа немало ни конкуренција. Слободно може да се каже дека фабриката ја диктирала модата во руското производство на стакло. Од нејзините погони излегувале вистински уметнички предмети со беспрекорно мајсторство и стил. Биле дизајнирани од најдобрите уметници од тоа време, а покрај неспорната уметничка вредност, вреди да се истакне и фактот дека во нивната изработка биле користени технолошки иновации.
Така, рецептурата за производство на обоено стакло за фабриката уште во 18 век ја смислил лично Михаил Ломоносов, еден од првите големи руски научници-натуралисти. Во фабриката имало залихи од специјално кобалтно во разни бои за изработка на мозаици и витражи, кое обилно било користено за таа намена.
Поседувањето такви предмети за сервирање значело голема чест и зборувало за висок социјален статус. Тоа било вистинско богатство, вредело многу, и по правило влегувало во состав на наследството и миразот на великите кнезови и кнегињи.
Производите од Императорската фабрика за стакло учествувале на најпрестижните изложби во светот за да ги претстават достигнувањата на руските мајстори за стакло. Во збирката на Историскиот музеј во Москва денес се чуваат десетици илјади предмети изработени по царска нарачка во текот на 19 и почетокот на 20 век.
Ова се само некои од тие ремек-дела.
1. Чаша, 1810-ти години.
Историски музеј
2. Чаша со капаче со слика на Глорија, која лебди над картата на Европа, 1814-1819.
Историски музеј
3. Шише со чашки, втора четвртина на XIX век.
Историски музеј
4. Ибрик cо капаче на преклоп, 1830-ти години.
Историски музеј
5. Вазна, Санкт Петербург, 1830-ти години.
Историски музеј
6. Чаши „роемер“ од Готскиот сервис, 1832-1848.
Историски музеј
7. Вазна, Санкт Петербург, 1830-ти години.
Историски музеј
8. Вазна, Санкт Петербург, 1830-ти години.
Историски музеј
9. Ковчеже со капак на преклоп и клуч, крајот на 1830-те години.
Историски музеј
10. Свадбен сервис на великата кнегиња Олга Николаевна, 1846.
Историски музеј
11. Сад за путер, 1847.
Историски музеј
12. Сервис чашки со монограм на великиот кнез Константин Николаевич, 1848.
Историски музеј
13. Вазна, 1860-70-ти години.
Историски музеј
14. Шише со чашки, 1880-ти години.
Историски музеј
15. Четвртесто шише со чашки. 1880-ти години.
Историски музеј
Изложбата „Делата на Императорската фабрика за стакло настанати во текот на 19 и почетокот на 20 век од збирката на Историскиот музеј“ се отвора на 18 август и трае до 10 ноември 2021.