Нашиот одговор на „Абрамс“: Пред 45 години воведен во експлоатација тенкот Т-80

T-80

T-80

Михаил Воскресенски/Sputnik
Пред точно 45 години, на 6 јули 1976 година, во СССР е воведен во експлоатација борбениот тенк Т-80. Тоа беше првиот основен тенк на светот со вградена динамична заштита од противоклопна муниција и погон на гасна турбина.

Тие години СССР работеше на борбена машина со таков мотор. Уште во 1963 година се појави „Објектот 003“. Тоа беше пробен тенк Т-64Т на кој беше монтиран хеликоптерски мотор со гасна турбина од 70 КС. Шест години подоцна, во Кировската фабрика во Ленинград беше направен усовршен „Објект 219 сп 1“ чиј мотор веќе имаше 1000 „коњи“. Меѓутоа, првите тестирања покажаа дека со таков погон не може да се користи шасијата на тенкот Т-64А, бидејќи таа не овозможува целосна реализација на потенцијалот кога станува збор за брзината на движење на тенкот. Покрај тоа, беше зголемена и масата на тенкот, така што проектот беше поизискувачки и во поглед на сигурноста на носечките механизми.

Како резултат на тоа наскоро се појави „Објект 219 сп 2“, кој подоцна стана основен борбен тенк Т-80. За него беа направени нови погонски и водечки тркала, носечки и потпорни лагери, гумирани гасеници, хидраулични амортизери и подобрени торзиони оски.

Овој тенк (тежок 40 тони) можеше да развие брзина од 70 километри на час (на асфалтен пат), додека Т-72 развиваше само 45-50 км/час, иако имаше скоро иста маса (41 тон). Вистина, Т-72 можеше да помине 500-700 км, а новиот тенк 350-500 км. Покрај тоа, моторите со гасна турбина беа значително поскапи од дизел-моторите, поради што многумина во военоиндустрискиот сектор се противеа на таквиот погон, сметајќи дека тоа е неоправдано трошење пари. Од друга страна, тенковите чиј погон го сочинуваше гасна турбина беа побрзо доведувани во состојба на борбена готовност, што особено доаѓаше до израз на ниски температури, и беа попроодни. На крајот, советскиот државен врв даде зелено светло за ставање Т-80 во сериско производство.

Покрај моторот и шасијата, овој тенк во споредба со моделот Т-64 имаше поинаква форма на куполата, додека топот, муницијата и механизмот за полнење на цевката (различен од оној на тенкот Т-72) на почетокот останаа исти. Одделни измени овозможија да се зголеми огнената моќ, но не многу. Подоцна тенкот во повеќе наврати беше доправуван и модернизиран. На пример, кон средината на 1980-тите доби динамична заштита.

Сé на сé, досега се направени над 10000 тенкови Т-80 со различни модификации.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња