Како еден болшевик стана високорангиран нацист

Scherl/Global Look Press
Хитлер го нарече Роланд Фрајслер болшевик, но сепак му довери да ги осуди на смрт главните политички непријатели на Третиот рајх.

Претседателот на Врховниоѕт народен суд на Третиот рајх, Роланд Фрајслер, беше, според зборовите на американскиот историчар Вилијам Ширер, „веројатно најзлобниот и најжедниот нацист по Рајнхард Хајдрих во Третиот рајх“.

Сепак, пред да стане фанатичен приврзаник на Хитлер, тој исповедаше сосема спротивни ставови.

Комунист

Роланд Фрајслер, 1933 година.

На почетокот на Првата светска војна, Роланд Фрајслер, родум од Селе, Долна Саксонија, се пријави доброволно на фронтот. За неговата голема храброст во битката беше одликуван со Железен крст од 1 и 2 степен.

Сепак, воената кариера на Фрајслер се покажа како кратка - во 1915 година тој беше заробен од Русите. Токму во логорот на заробеници го нашла Октомвриската револуција во 1917 година и доаѓањето на власт на болшевиците во Русија.

Германски воени заробеници построени во логор

Роланд Фрајслер бил длабоко воодушевен од комунистичките идеи, читал дела од Маркс и Енгелс и добро научил руски јазик. Во 1918 година, германските заробеници масовно почнаа да се враќаат во својата татковина, но Фрајслер остана во Русија, која беше зафатена од граѓанска војна.

Не се знае многу за овој период од неговиот живот. Откако се приклучи на Болшевичката партија, според една верзија, тој беше назначен за комесар за храна и работеше на обезбедување на набавки за државата. Според друга верзија, тој дури влегол во служба на органите на државната безбедност - „Чека“.

Нацист

На прием во Министерството за правда на Рајхот говор држи тогашниот државен секретар Роланд Фрајслер. Од десна страна седи министерот за правда Франц Гартлер, во прв план е тогашниот референт на министерот Ханс фон Донањи

Во 1920 година, Роланд Фрајслер се вратил во Германија и се посветил на судската практика. Тој целосно ги промени своите политички ставови и во 1925 година стана член на Националсоцијалистичката германска работничка партија.

Во текот на својот живот, Фрајслер се обидуваше да го покрие своето болшевичко минато, сведочејќи за фанатичката посветеност на Хитлер и нарекувајќи се себеси „политички војник“ на Фирерот.

Изрекување казна во судницата на Врховниот суд во Берлин. Роланд Фрајслер (во средина), претседавач на народниот суд, чита пресуда. Од неговата лева страна е генерал Херман Рејнеке, шеф на Генералштабот.

Сепак, водачот на Третиот рајх секогаш се сеќаваше на овој непријатен факт од биографијата на неговиот приврзаник и на половина шега го нарекуваше Фрајслер „наш болшевик“. Хитлер ја одби кандидатурата за министер за правда, но во 1942 година му дозволи да ја извршува функцијата претседател на Народниот судски совет.

Џелат

Роланд Фрајслер околу 1943

Основан во 1934 година, Народниот судски совет на Третиот рајх е највисокото вонредно судско тело на нацистичка Германија и судеше случаи за предавство, шпионажа и други политички злосторства.

Беше практично невозможно да се избегне смртна казна на овој суд. Луѓето би можеле да се збогуваат од својот живот дури и за невнимателно изговорени зборови, како што се „војната е изгубена“ или „Фирерот е болен“. Само поединци „имаа среќа“ да завршат во концентрационите логори.

Изглед на уништената соба за состаноци во Хитлеровото седиште Волчо дувло (Wolfsschanze) во близина на Хентшин (Растенбург) во Источна Прусија.

Во своето претседателствување за периодот 1942-1945 година, Фрајслер испрати 4.951 лице на смрт. Пред неговото назначување во осум години од постоењето на судот, беа изречени само 292 смртни казни.

Напорите на Роланд Фрајслер ги ставија на гилотина главите на водачите на илегалната група на отпорот против Белата роза, како и сестрата на славниот писател Ерих Марија Ремарк Елфрида Шолц, обвинета за „безобразно лажна пропаганда во корист на непријателот“ и „поткопување на одбраните можности на земјата“. „Твојот брат успеа да се извлече од нас, но ние нема да те пуштиме“, ѝ рече Фрајслер за време на судењето.

.

Судење во Врховниот народен суд во Берлин: претседавачкиот судија Роланд Фрајслер покажува фотографии на Хитлеровото седиште „Волчо дувло“ (Wolfsschanze) во близина на Хентшин (Растенбург) во Источна Прусија по обидот за атентат. Покрај Фрајслер е врховниот обвинител на Рајхот

Случајот на Фрајслер за обидот за атентат врз Хитлер на 20 јули 1944 година доби најсилен одглас. Претседателот на судот ни најмалку не не се воздржуваше од најгруби зборови и ги нарече организаторите на заговорот магариња, идиоти и никаквеци. Записникот од сослушувањата покажува дека тој зборувал четири пати повеќе отколку обвинетите, адвокатите и обвинителите заедно.

Генералот Фриц Линдеман беше еден од илјадниците осомничени за завера кој бил осуден и казнет од озлогласениот нацистички Народен суд за нивно наводно учество во неуспешниот атентат на Хитлер на 20 јули 1944 година. Берлин, Германија, август 1944

Ролан Фрајслер несомнено би бил на судската клупа во Нирнберг, но судбината одлучува поинаку. На 3 февруари 1945 година тој бил смртно ранет за време на бомбардирањето на Берлин од американски авиони. На последниот ден од животот, тој успеа да осуди четири лица на смрт.

Прочитајте исто така: Нирнбершкиот суд: пет главни прашања

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња