Во почетокот на осумдесеттите години од минатиот век цела низа ѕверски убиства го потресе Ростов на Дон. Некој ги пљачкосуваше и ги убиваше луѓето кои го стекнуваа своето богатство по пат на продажба на ретка или на криумчарена стока на црно.
Изглед на Ростов на Дон, 1988 година
А. Поготова/SputnikПолицијата започна истрага, и еве што излезе на крајот...
Советската милиција на 5 февруари 1980 година забележа телефонски повик од една возбудена жена. Кога стасаа на лице место милицајците најдоа тела на две убиени жени и една жена која се криеше на балконот. Таа и ја повика милицијата.
Една од жртвите беше позната ростовска шверцерка. Таа се занимаваше со бизнис кој според советскиот кривичен закон беше забранет и така стекна прилично голем имот. Беше искасапена со сатар.
Другата жртва беше нејзината бремена ќерка. Таа беше задавена.
Преживеаната жена ја избегнала сигурната смрт, криејќи се на балконот додека убијците ги мачеле и ги убивале нејзините пријателки. Таа се јавила во милиција, но не можеше да каже ништо особено за напаѓачите.
Бравата на влезната врата беше целосна, што ги наведе детективите на мислата дека жртвите ги познавале убијците и дека доброволно ги пуштиле во станот.
Незаконска трговија. Купување од шверцери на пазар.
Владимир КазанцевСамо неколку недели подоцна беше извршено уште едно убиство. И овој пат жртвата беше жена. И таа беше ѕверски убиена. Сличен беше и детаљот кој ги поврзуваше овие две злосторства, а тој се состоеше во тоа што жртвата беше сопруга на познат локален шверцер.
Набргу иследниците се соочија со сè поголем број трупови и со притисок од највисокото политичко раководство да го запре крвопролевањето во Ростов.
Еден од ретките сведоци ги опиша напаѓачите како мажи кои, според сè, беа со потекло од Кавказ, а носеле бели лекарски мантили. Жителите од градот беа исплашени. Се ширеа приказни за брутална банда лекари.
Зафас Барцис и Хочерес Косијан.
Archive photoДодека иследниците ги претресуваа криминалните кругови во градот, Зафас Барцис, по потекло од Абхазија, со својот соучесник Хочерес Косијан планираше ново злосторство.
Барцис беше син на директорот на централниот пазар во Сухуми. Може да се каже дека е роден со сребрена лажичка во устата. Но, и покрај семејното богатство и влијанието во Абхазија, Барцис избрал поинаков животен пат – стана наркоман и криминалец.
Кога неговиот татко дознал за неговите пороци, го испратил во Ростов на Дон, кој е релативно далеку, за неговиот син да не го срамоти семејството.
Во Ростов Барцис брзо се нашол во светот на криминалот. Се запознал со Хочерес Косијан, бандит кој имаше прекар „Адут Пик“.
Претходно брзо најде и нов извор на наркотици – двајца студенти по медицина кои продаваа забранети супстанци и заработуваа на тоа.
Трговија 1987 година
Игор Носов/SputnikНа Барцис му биле потребни пари за својата погубна навика, а немал зашто семејството не сакало да го финансира. Заедно со Хочерес Косијан направил план, а тој се состоел во тоа да влегуваат во домовите на имашните жители на Ростов кои нема да сакаат да го пријават случајот на советската милиција, зашто и самите се плашеле дека на тој начин ќе биде откриен изворот на нивните незаконски приходи.
Купувале бели мантили од студентите по медицина од кои Барцис купувал и наркотици. Со помош на овие мантили убијците се претставувале како медицински работници и ги наведувале жртвите да им ја отворат вратата.
Меѓутоа, нивниот план пропаднал зашто бандата била составена главно од наркомани кои не можеле да се контролираат. Нападите биле хаотични и секогаш беа проследени со убиства.
Прочитајте исто така: Дали руската милиција без судење ги ликвидирала најголемите мафијаши во 90-те?
Криминалците сметале на тоа дека жртвите нема да соработуваат со истрагата поради природата на сопствениот бизнис. Делумно имале право зашто определени преживеани членови на семејството не сакале да соработуваат со милицијата. Меѓутоа, убијците не зеле предвид еден мошне важен факт.
Ростов на Дон, СССР, 12 ноември 1980 година. Единица на ростовската полиција подготвена да стапи на дежурство.
Евгениј Недерја/TASSОпределени шверцери детално ги забележувале податоците за секој свој клиент, дури и ако само еднаш купил нешто од нив. Во таквите белешки кои се најдени кај една жртва инспекторите го забележале името „Зафас“. Излегло дека Барцис еднаш купил кожен мантил од својата жртва.
Го следеле Барцис и ја откриле неговата врска со студентите по медицина кои продавале дрога, како и со криминалецот Косијан по кого се трагало. Следувале апсења.
Судејќи по соопштенијата, уапсени се четириесеттина луѓе поврзани со случајот „убијци во бели мантили. Барцис доби 9, а Косијан 15 години затвор.
Хочарес Косијан почина во затвор во 1993 година кога имаше 69 години. Не се знае што се случило со Зафас Барцис.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче