Имено, се верува во постоењето на „Бела стрела“, специјална единица на милицијата кога работела со дозвола од „горе“. Најпознатите мафијаши во земјата за неа не биле недопирливи. А, според други верзии, тоа била тајна организација на поранешни чувари на редот.
Распадот на Советскиот Сојуз предизвика страшна економска криза и пад на животниот стандард. Организираните криминални групи се појавија како печурки по дожд. Убиствата и рекетот станаа дел од руската секидневност.
Во меѓусебните борби гинеа и познати водачи на мафијата, но многумина веруваат дека за некои убиства е одговорна токму милициската единица која решила повеќе да не игра според правилата.
„Бела стрела“ за првпат се споменува во 1998 година. На неа се пожали шефот на мафијата Тигран Петросјан, обвинувајќи го шефот на полицијата во Смоленск Александар Ломтиков за убиство на еден „бизнис партнер“ и за исчезнување на друг.
Ломтиков и некои соработници од неговото одделение тогаш беа уапсени, но и ослободени по еден месец поради недостаток на докази. Петросјан беше ликвидиран по две години, а за неговото убиство никој не одговараше.
Според една верзија „Бела стрела“ била државна операција против продирањето на мафијата во политиката и против заземањето на главните суровини на земјата. Се верува дека во 1994 година познатиот криминалец Отари Квантришвили е симнат зашто веќе наголемо се занимавал со извоз на нафта, дрвена граѓа и обоени метали, а имал и политички амбиции.
Отари Квантришвили
Александар Јаковлев/TASSКвантришвили имаше свои луѓе на важни државни функции и беше невозможно да се упаси и да се суди за криминални дејствија.
Истата година кренат е во воздух еден друг познат шеф на мафијата Сергеј Тимофеев познат како Силвестер. Претходно и овој „бизнисмен“ почна да се занимава со нафта.
Сергеј Тимофеев (Силвестер)
WikipediaМафијата исто така се потпираше на малите и средни претпријатија, а државата губеше огромни даночни приходи. Се претпоставува дека тајната милициска единица ги решавала сиве овие проблеми.
Сепак, многумина веруваат дека државата не е одговорна за појавувањето на „Бела стрела“ и дека станува збор за лична иницијатива на офицери од милицијата кои се измориле од корупцијата и од неправдата.
Како искусни чувари на редот овие „народни одмаздници“ започнале лов на главните мафијаши за кои законот бил непишан. Криминалците исчезнувала без трага, гинеле во експлозии или едноставно биле изрешетени на улица.
„Бела стрела“ исто така провоцирала меѓусебни судири на бандите, а се верува дека еден од најозлогласените руски платени убијци од деведесеттите години од минатиот век Саша Македонски (Александар Солоник) како поранешен соработник на милицијата имал врска со оваа тајна организација.
Саша Македонски (Александар Солоник)
WikipediaВо 1995 година Солоник на спектакуларен начин успеа да избега од затвор, а потоа и од земјата. Убиен е во Грција по две години. Во 1998 година двајца членови на Курганската криминална организација се убиени во затворот во ист ден. Се претпоставува дека и тие соработувале со „одмаздниците“ и дека биле подготвени за сведочат против милицијата.
На почетокот од минатата деценија легендата за „Бела стрела“ полека почна да паѓа во заборав заедно со бандитите. И денес се поставува прашањето кој има ликвидирано многу познати мафијаши тие години, а не постојат ниту луѓе кои би можеле да посведочат за незаконската активност на милицијата, доколку воопшто постоела.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче