Советски авиони во југословенското воено воздухопловство (ФОТОГРАФИИ)

Скриншот

Југославија ги опфаќаше денешните држави Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и С. Македонија, а нејзините вооружени сили неколку децении беа опремени првенствено со авиони од советско производство.

Втора светска војна

Како што може да се прочита на специјализираниот блог Balkan War History, по ослободувањето на Белград кон крајот на 1944 година, СССР потпиша договор за пренос на две цели воздухопловни дивизии во Југославија. Се работеше за повеќе од 250 авиони, 500 возила и работилници за поправка и ремонт на авиони. Југословенските пилоти поминаа обука за летање со авиони Јак-1 и Јак-3, како и за Ил-2.

Јак-3 изложен во белградскиот Музеј на воздухопловството
Пилоти и екипажи на 107 јуришен воздухопловен полк, Југословенско воено воздухопловство, 1949.
Ил-2 изложен во белградскиот Музеј на воздухопловството.
Уште еден советски авион кој дејствуваше во Југославија беше познатиот По-2.

Повоен период

Повеќето југословенски борбени авиони беа советски авиони МиГ-21 во различни верзии како што се МиГ-21М, МиГ-21МФ и МиГ-21ПФМ од 1970-тите и МиГ-21Бис од почетокот на 1980-тите.

Бојан Савник (1930-1976), словенечки пилот и генерал, со својот авион МиГ-21 1969 година.
МиГ-21 Ф-13 изложен во белградскиот Музеј на воздухопловството

Југословенското воено воздухопловство во 1986 година набави ескадрила борбени авиони МиГ-29, еден од најнапредните ловци во тоа време. Овој авион имаше посебна мисија за заштита на главниот град на Југославија – Белград, а служеше и како поддршка на Копнените сили на Југословенската народна армија.

Покрај ловци, Југословените користеа и советски транспортни авиони – Ан-2, Ан-12 и Ан-26 или Јак-40.

Ан-12 на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, 1990.
Јак-40 изложен на воздухопловниот салон „Батајница 2012“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња