Михаил Горбачов е роден во 1931 година, во времето кога Сталин со својата „железна рака“ се обидувал да ги ликвидира селаните како власт. Биле забранети приватните стопанства, создавајќи колективни, и подготвувал нови видови терор против оние кои не се сложувале. Никој во тој момент не можел ни да претпостави дека шест децении подоцна приватното претприемништво ќе биде дозволено, и сето тоа благодарение на момчето до севастопољско село на Северен Кавказ.

Getty Images
Горбачов израснал во обично селско семејство. Во детството и во младоста работел на поле на комбајн, па така многу добро знае што е тоа Сталинова колективизација. Меѓутоа, еден од неговите дедовци раководел со колхоз, па стравовите на колективизацијата, олицетворени во глад и робија, не го допреле неговото семејство.

Getty Images
По војната (нивното село четири месеци било под германска окупација) Горбачов го завршил училиштето со одличен успех и станал комсомолски активисти, па дури и добил орден Црвено знаме на трудот за помош на татко му комбајнер за време на рекордна жетва.
TASS
Подоцна ова искуство му помогнало да стане министер за земјоделство на СССР. Меѓутоа, претходно се запишува во најдобрата високообразовна установа во земјата, правниот факултет при Московскиот државен универзитет. Во тој момент, како што самиот велеше, кај него ќе започне долготрајниот процес на преиспитување на историјата на земјата кое ќе го следи со години.
Yuri Lizunov, Alexander Chumichev / TASS
Со идната сопруга Раиса, која во текот на целиот живот ќе му биде верен соработник и најдобар пријател, се запознал во 1950 година. Свадбената веселба ја направиле во трпезаријата на студентскиот дом три години подоцна.
AP
Партиската кариера на Горбачов напредувала со молскавична брзина. Добил лојалност кај луѓето од вториот и од третиот ешалон зад Леонид Брежњев, а и кај шефот на државата исто така бил на добар глас. Неформално припадниците на комунистичката номенклатура го нарекувале „господар на Ставропољ“.
AP
На чело на државата Горбачов застана во 1985 година. Тој многу се разликуваше од многумина свои претходници на местото генерален секретар на партијата, а кои не можеа да се пофалат ниту со добро здравје, ниту со бистар ум. Млад (54 години за политбирото биле младост), здрав, отворен, образован, без страв од директна комуникација со луѓето на улица, Горбачов беше симпатичен како на Запад, така и кај советските луѓе, желни за промена. Франсоаз Саган забележала: Сосема неочекувано нормален човек.
Vladimir Musaelyan, Eduard Pesov / TASS
Прифаќајќи ја најзначајната државна функција на генерален секретар на ЦК КПСС, сфатив дека повеќе не може да се живее на ист начин и дека себеси нема да можам да си дозволам да го задржам тоа место доколку немам поддршка во остварувањето на клучните промени, велеше Горбачов. И промените се случија молскавично.
Најпрво се фати во костец со најголемиот проблем на земјата на која вотката и нејзините сурогати се закануваа со изумирање, започнувајќи голема кампања против алкохолизмот.
TASS
Откако се најде на чело на државата се сретна со претседателот на Соединетите Американски Држави Роналд Реган. Лидерите на двете држави за првпат по долго време си подадоа еден на друг рака. Тоа беше почеток на крајот на „студената војна“ и на нуклеарното разоружување. Новата реалност се одвиваше со голема брзина.
AP
Горбачов го лиши КПСС од уставниот статус на монополист во политичкиот систем и организираше масовна чистка во нејзините редова. Во земјата се одржаа демократски избори, законски е укината цензурата и завршени беа други лоши практики, како што е да кажеме државниот монопол во надворешната трговија.
Yuri Lizunov; Eduard Pesov / TASS
Потоа неколку пати се сретна со американските лидери. „Ова момче е перестројка“, рече за него Буш постариот во една пригода.
AP
Горбачов го започна повлекувањето на советските единици од Авганистан на 7 април 1988 година.
Yuri Lizunov, Alexander Chumichev / TASS
Две години подоцна ќе ја одигра клучната улога во обединувањето на Германија и во падот на Берлинскиот ѕидот. Во март 1990 година станува прв и како што ќе излезе единствен претседател на СССР кој на чело на државата има дојдено на демократски избори.
AP
„За водечката улога што ја одигра во мировниот процес“ Горбачов во 1991 година ја добива Нобеловата награда за мир и засекогаш се запишува во историјата.
AP
Меѓутоа, внатрешната политика на ненасилство и демократизација имаше свои последици, земјата ја зафати виор на меѓунационални судири. Главната забелешка која до денешен ден му се упатува на Горбачов е распадот на Советскиот Сојуз.
Alexander Chumichev / TASS
По 1991 година се повлекува од високата политика и го основа фондот Горбачов и Меѓународниот зелен крст и станува жестока опозиција на првиот претседател на РФ Борис Елцин. Во 2014 година на студентите на МГУ им призна дека е одговорен за распадот на Советскиот Сојуз.
„Се обидував да го зачувам, но не успеав <...> И за тоа носам одговорност. Никој не ме смени, сам заминав зашто не можев да се изборам“.
Getty Images