Легендите на руската дипломатија: Иван Висковатиј (~1500-1570)

Земски собор

Земски собор

Сергеј Иванов
Дипломатијата е вештина на спроведување влијание и вршење притисок кога тоа е во интерес на вашата земја. Издвоивме некои од најефикасните руски дипломати кои покажаа дека дијалогот и дипломатијата можат да направат чуда и да придонесат за избегнување конфликт со ривалските земји.

Висковатиј е познат како родоначалник на руската дипломатска служба. Првото министерство за надворешни работи на Русија, кое тогаш се нарекувало Посољски Приказ (амбасадорска управа), основано е и првпат е споменато на 10 февруари 1549 година. Првиот челник на оваа служба, Иван Висковатиј, на дипломатската функција бил именуван лично од царот Иван Грозни. Висковатиј бил еден од најблиските советници на царот. Исто така бил човек од доверба на Иван Грозни кога станувало збор за тоа кој ќе го наследи престолот (кога Иван Грозни се разболел во 1553 година, Висковатиј ризикувал да му предложи на царот да го избере својот наследник).

Како лекар кој најпрво ќе го затруе пациентот, а потоа ќе ја лекува неговата болест, Висковатиј бил еден од најжестоките заговорници за освојување на Ливонија (историска област на источниот брег на Балтичкото море) во 1558 година. Така започнала Ливонската војна (во текот на која Русија се борела против Литванија, Полска и Шведска за контрола над оваа територија). Висковатиј ги водел преговорите со ливонските претставници.

Со учество на Висковатиј потпишани се договори со Данска и 20-годишно примирје со Шведска. Во 1566 година Висковатиј учествувал во Земскиот собор (собрание на земјата).

Меѓутоа, како и многу други влијателни луѓе од опкружувањето на Иван Грозни, што се издигнал на водечка позиција, Висковатиј брзо ја изгубил наклоноста на царот. Дипломатот бил обвинет за ковање завера и погубен е во 1570 година.

Прочитајте исто така: Легендите на руската дипломатија: Александар Грибоедов (1795-1829)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња