Во Русија шахот беше многу популарна игра уште од времето на Екатерина Велика. Во Советскиот Сојуз го играше секој ученик. Една од најнеобичните партии се одигра на 20 јули 1924 година на Дворскиот плоштад (тогашен плоштад „Урицки“) во Санкт Петербург (тогашен Ленинград). На тој ден е основана Светската шаховска федерација FIDE (од 1966 година овој ден се слави и како Меѓународен ден на шахот).

Александр Булла
На џиновската шаховска табла се судрија познатите играчи Иљја Рабинович (црни фигури) и Петар Романовски (бели). Секоја фигура ја претставуваа вистински луѓе: војници на Црвената армија беа белите фигури, а припадници на Црвената морнарица црните.

Александр Булла
Артилерци беа топовите, команданти со сабји кралевите, а две дами кралиците (една од нив беше жената на Рабинович).
Александр Булла
Коњите исто така беа вистински, но немаше ловци. Командите на велемајсторите телефонски им беа соопштувани на асистентите, кои потоа преку мегафони им ги објавуваа на „фигурите“.
Александр Булла
Легендарната партија собра 8000 гледачи кои го опколија плоштадот.
Александр Булла
Партијата траеше 5 часа и заврши со нерешен резултат во 67 потег на предлог на белиот (всушност луѓето и коњите веќе беа по малку уморни).
Александр Булла
Оваа егзибициска партија не беше организирана само за забава, туку имаше за цел промоција на шахот во земјата и странство.
90 години подоцна Санкт Петербург одлучи да ја репризира легендарната партија на Дворскиот плоштад. На 20 јули 2014 година Никита Витјугов и Валериј Попов одиграа уште една партија со волонтери кои ги претставуваа шаховските фигури.