Како во 1977 година гореше американската амбасада во Москва

Борис Приходко/Sputnik; Виктор Будан/ТАСС; Russia beyond
Американските дипломати се сомневале дека некои советски пожарникари биле преправени агенти на КГБ.

Малколм Тун, кого Џими Картер го избра за клучната позиција на американски амбасадор во Советскиот Сојуз, се забавувал на свечена добротворна вечера во резиденцијата на романскиот амбасадор во Москва кога еден повик ја прекинал пријатната вечер.

Амбасадорот Малколм Тун

На телефон беше младиот политички советник Џејмс Шумејкер, кој  стасал во Москва неодамна. „Имаме пожар тука во...“, рекол.

Вечерата е прекината

Тоа беше на 26 август 1977 година, а Џејмс Шумејкер во Москва стасал неколку недели претходно. Таа необично студена, но ведра летна вечер, Шумејкер се одморал во својот стан во резиденцијата на американскиот амбасадор во Русија, позната како Спасо-хаус.

Заѕвонил телефонот и тој ја кренал слушалката. На линијата бил заменикот на шефот на мисијата Џек Метлок. Звучел вознемирено. Итно морал да разговара со амбасадорот и му наложил на Шумејкер да го пронајде: „Џими, ве молам, побрзајте“, инсистирал Метлок.

Со помош на Светлана Аљохина, „нашата убава русокоса телефонистка“, го пронашол Тун на свечена вечера вo резиденцијата на романскиот амбасадор.

„Што се случува, Џим?“, прашал Тун.

„Не знам, господине амбасадор, но заменик-шефот на мисијата веднаш сака да разговара со Вас“.

Во Спасо-хаус повторно заѕвонил телефонот. Повторно бил Метлок.

„Господине Метлок, го имам амбасадорот на втората линија. Што да му кажам?“, прашал Шумејкер.

„Во гласот на Метлок се чувствувала сè поголема вознемиреност: 'Џими, кажи му дека имаме пожар тука во...', но во тој момент линијата ненадејно се прекина“, се сеќава подоцна Шумејкер.

„Сè изгубив“

Кога амбасадорот Тун и неговиот подреден Џејмс Шумејкер стасале во американската амбасада, која се наоѓала неколку блока од Спасо-хаус, ја виделе зградата која ја голтал пламен.

„Сликата што ме дочека беше шокантна. Поголем дел од седмиот кат на амбасадата беше зафатен од пламен“ изјави Шумејкер, опишувајќи ја оваа сцена.

Огнот брзо излегуваше надвор од контрола и се ширеше низ зградата. Амбасадорот Тун раководеше со евакуацијата, иако беше облечен во свечено одело, што изгледаше необично во таа ситуација.

Многумина вработени во амбасадата помагаа во евакуацијата, некои уште во состојба на шок. Шумејкер се сеќава како советникот за економски прашања Кен Ског шетал „лево-десно пред амбасадата, мрморејќи 'сè изгубив', додека пламенот дивеел низ прозорецот од канцеларијата на седмиот кат,

„Нека гори“

Наскоро на лице место пристигнале советските пожарникари, Сè повеќе пожарникарски коли доаѓаа и пожарникарите поставија скалила на зградата зафатена од пожар.

Со оглед на тоа дека територијата на американската амбасада се смета за американска територија, советските пожарникари морале да добијат дозвола од амбасадорот за да влезат во зградата. Командантот на советската пожарникарска бригада му пришол на Тун и побарал од него дозвола да влезат во потпокривот.

„Нека гори, одговорил амбасадорот.

„Тоа било така зашто Тун се сомневал дека некои од 'професионалните пожарникари' можеби всушност работат за КГБ и затоа што на таванот држеле многу чувствителна опрема“, објасни подоцна Шумејкер.

На крајот на советските пожарникари им било дозволено да влезат на најгорниот кат на амбасадата под услов да ги следи американскиот воен персонал.

Кога пожарникарите и воениот персонал се искачиле на повисоките катови од зградата, откриле дека некои вработени не ја напуштиле зградата, иако била наредена евакуација.

„Шефот на одделението на ЦИА при амбасадата Гас Хатвеј го чуваше својот реон облечен во мантил за дожд и вооружен со револвер со калибар од 38 милиметри. Кога ја чу наредбата на амбасадорот, Гас му одговори на Марк 'на прилично недипломатски начин' [...] Амбасадорот Тун не беше задоволен, но не можеше ништо да стори и Гас остана на своето место. Гас, како и Тун, беше ветеран од Втората светска војна и знаеше што му е должност“, напиша Шумејкер.

За среќа никој не загина во пожарот, иако зградата беше значително оштетена. „Седмиот кат изгоре, а секој кат над шестиот беше оштетен поради чадот и водата. Зградата беше уништена за каква било употреба“, ја опиша Шумејкер сцената која ја видел утрината по пожарот.

Иако зградата беше оштетена, американските дипломати беа сигурни дека агентите на КГБ се инфилтрирале во групата на советските пожарникари кои подоцна стасаа на местото на настанот. Тврдеа дека преправените агенти ги прегледале тајните документи, насилно отвориле некои сефови и се занимавале со опремата на амбасадата.

Советските пожарникари решително ги отфрлија сите обвиненија. Генерал Виктор Соколов, кој во тоа време беше заменик-началник на противпожарниот оддел на Министерството за внатрешни работи на СССР, рече дека на располагање немал чекисти, агенти на тајната полиција.

Американците сепак не веруваа. Кога по неколку месеци го зафати пожар привремениот објект на КГБ во близина на амбасадата, маринците испија неколку пијалаци и го набљудуваа пожарот со песната Disco Inferno на групата The Trammps.

Burn, Baby Burn

Burn that mother down

Disco inferno

Burn that mother down

(Гори, бејби, гори

да го запалиме ова место

пеколна дискотека

да го запалиме ова место)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња