Денес во Русија ретко кој се сеќава на неговото име, но во времето на Сталин шефот на советската пропаганда Александар Сергеевич Шчербаков бил еден од највлијателните луѓе во СССР. Имал шанси еден ден да дојде на чело на државата, но тоа не му било судено.
Молскавично искачување во кариерата
Archive photo
По победата во Граѓанската војна, раководството на земјата имало сериозен кадровски проблем. Имало многу славни команданти, прекалени во борбата, но недостасувале способни стручњаци за мирнодопскиот период. Човек како Александар Сергеевич, роден лидер и организатор со неколку универзитетски дипломи, бил вреден како злато.
Archive photo
Шчербаков најпрво бил на функцијата одговорен секретар на здружението на писателите, а потоа на многу раководни функции ширум земјите: во Ленинград (денешен Санкт Петербург), во Сталин (Донецк) и во Иркутск. Во 1938 година Сталин го префрлил во Москва и го поставил на чело на Московската партиска организација. „Сега во Политбирото (раководен орган на Комунистичката партија на СССР) се насобраа многу старци“, рече водачот на пленумот на ЦК. „Тоа се луѓе кои заминуваат, а треба да биде избран некој помлад кој доколку е потребно ќе го заземе нивното место“. Благодарение на протекцијата на Сталин, Шчербаков станал кандидат за член на Политбирото и со самото тоа стасал речиси до самиот државен врв.
Шеф на пропагандата
Archive photo
Два дена по нападот на нацистичка Германија врз СССР беше основано Советското информбиро, чија задача беше деноноќно да го известува населението за текот на борбените дејствија. На чело на оваа организација беше поставен Александар Шчербаков. Тој во 1942 година воедно е поставен и на должноста началник на Главната политичка управа на Црвената армија, одговорна за правилното идеолошко воспитување на војниците и на морнарите.
Archive photo
Во целата биографија на Александар Сергеевич, најизразит период е октомври 1941 година кога германските единици опасно ѝ се приближија на Москва. Од 15 до 17 јануари во градот владееше паника. Жителите масовно бегаа, започнаа пљачкосувања и разбојништва. Шчербаков вложи големи напори за да ја нормализира ситуацијата. Издејствува пред Воениот суд да бидат изведени директорите на претпријатијата во престолнината кои избегаа од градот, а исплашените партиски работници беа исклучени од партијата. По налог на Сталин Александар Сергеевич преку радио ги смируваше московјаните, велејќи им: „За Москва ќе се бориме упорно и жестоко, до последната капка крв“.
Archive photo
Благодарение на напорната пропагандна работа на Шчербаков тој брзо напредувал во Црвената армија. Главните политички управи ги гледал во тоа кај "луѓето да се шират информации за ѕверствата на германско-фашистичките освојувачи, за нивните цели да се истреби советскиот народ, а преживеаните да станат робови. Врз тоа треба да се воспитува немилосрдна омраза кон непријателот".
Archive photo
Александар Сергеевич го зголеми бројот на политички работници и ги испраќаше на најтешките делници од советско-германскиот фронт. Пропагандната работа се извршуваше и меѓу црвеноармејците од националните републики, меѓу кои многумина не зборуваа на руски. За нив се издаваа весници на националниот јазик.
Archive photo
Беа организирани десетина театри на фронтовите и стотина концертни групи кои редовно снимаа агитациски филмови (еден од нив е „Кршењето на германските единици кај Москва“ кој во 1943 година доби Оскар). На стратешката авијација ѝ беше наложено да фрла летоци над окупираните подрачја. Во пропагандната работа беа ангажирани најдобрите советски писатели, па дури и Руската православна црква.
Неочекувано заминување
Archive photo
Луѓето кои работеле со Шчербаков вака го карактеризираа: „Тој беше мошне вреден, имаше одлично паметење, можеше брзо да ја анализира ситуацијата и да донесува одлуки. Знаеше внимателно да сослуша и доколку е потребно мошне тактично да го исправи соговорникот и да му укаже на исправната одлука“.
Во текот на подготовките за најголемата воена операција Сталин често му се обраќал на Шчербаков за совети. „Ј.В. Сталин имаш голема доверба во А.С. Шчербаков“, пишува маршалот Александар Василевски во мемоарите „Дело на целиот живот“: „Тој без размислување потпишуваше материјали кои се усогласени со Александар Сергеевич или кои тој ги потпишал“.
Archive photo
Александар Шчербаков беше млад, амбициозен, цврст (а, понекогаш и жесток) и целосно предан на Сталин. Имаше добри шанси да стапи во политичка борба за власт во земјата по смртта на водачот. Но, слабото здравје и незапирливата страст кон алкохолот го направија своето, така што тој не го дочека моментот. Почина од срцев удар следниот ден по прославата на Денот на победата, на 10 мај 1945 година, кога имаше само 43 години.