Концептот на ова борбено возило беше претставен уште 1944 година. Основата на вооружувањето на Т-10 ја сочинуваше новиот топ Д-25ТА со калибар 122 милиметри. Благодарение на електромеханичката опрема, брзината на огнот беше зголемена на три до четири гранати во минута, за разлика од претходникот со два до три истрела во минута.
WikiMedia
Тенкот на почетокот располагаше со голем потенцијал за модернизација, па во периодот на сериското производство од 1954 до 1966 година беа изработени неколку модели.
Фетисов М.Ю. CC BY 3.0
Вкупно беа произведени преку 1500 тенкови Т-10. Според мислењето на многумина стручњаци, ова борбено возило беше конкурентно до крајот на осумдесеттите години на минатиот век со вградувањето на новиот систем за управување со огнот и динамичка заштита.
ALEXEY_PETRUSHIN / WikiMedia
Од употреба дефинитивно излезе дури 1993 година.