Кога Москва беше Венеција (ФОТО)

Историја
RUSSIA BEYOND
Поплавите не ја мачеа Москва често како Санкт Петербург и практично во престолнината не се сеќаваат на сериозни разурнувања од водена стихија. Сепак, останаа за паметење единствените фотографии од поплавените московски улици.

Кон средината на април 1908 година, во пресрет на Велигден, во Москва дојде до една од најголемите поплави во историјата и сигурно најголемата во XX век. 

„Излевањето на реката Москва, која годинава стигна многу доцна, доби огромни размери кои ги надминаа сите очекувања... особено страдаа пет дела на градот на десниот брег на реката Москва: вториот Хамновически (Дорогомилово), двата дела на „Пјатницка“ и двата дела на улицата „Јакиманска“. Поплавата зафати вкупно една петтина од градот“, се наведува во извештајот на Московската градска управа.  

Весникот „Биржевие ведомостиˮ објави: „Засега, се разбира, е тешко да се процени штетата. За празниците на луѓето не им беше до тоа. Засега се знае само дека во поплавата се оштетени преку 1500 куќи, само во  замоскворецкиот реон е поплавена површина од 4 милиони квадратни сажни [речиси 2000 хектари].ˮ Подоцна е утврдено дека страдале околу 25 илјади куќи, а дека биле поплавени 16 квадратни километри.

Весникот „Руско словоˮ дава дури и по малку романтична слика на поплавата: „Постојано наидуваат чамци со патници кои се враќаат од црква со запалени свеќи. Исто како во Големиот канал во Венеција. Само без серенади“. Чамџиите ги развезуваа луѓето кои не можеа да се превезат сами, па така се најдоа и на разгледници.

„Посебно привлечна беше сликата на реката меѓу Москворецкиот и Камениот мост. Од една страна во водата тонеа ѕидините на Кремљ силно осветлени од електричните фенери, а од друга во неа се огледуваат убавите зданија и вили на Софискиот кеј“, објави исто така весникот „Руско словоˮ.

Богатите трговци веднаш основаа фонд за помош на настраданите, а набрзо беше организирано и собирање пари. Во празничните денови народот радо даваше пари. Со оглед дека многу луѓе се собираа на служба во црквите, средства беа брзо собрани.

Уште една разгледница печатена по поплавата ги прикажуваше жителите на Ушаковскиот сокак (во современиот реон Хамовники). Тие во текот на поплавата се искачија на покривот и тука го прославија Велигден.

Очевидци исто така тврдеа дека водата во реката Москва станала жолта. Поплавата ја потопи хемиската фабрика и големи количини жолта боја се растворија во водата. Темелите на некои куќи исто така останаа жолти и кога водата се повлече.  

Водата поплави преку 100 километри улици. На фотографијата се гледа една од улиците на Замоскворецкиот реон на Москва. Поплавата направи огромна штета. На пример, настрада Гепнеровата фабрика за шеќер. Во реката Москва завршија преку 5 илјади тони шеќер (350 илјади фунти).

На некои места водата се подигна преку 9 метри. Местото на народните веселби Воробјови Гори исто така беше поплавено. На фотографијата се гледаат дрвени куќи потопени сé до покривите. Фотографијата е направена од правец на Новодевичкиот манастир.  

Потопени улици во реонот Јакиманка, недалеку од Кремљ. Третјаковската галерија, која се наоѓа во близина, за чудо беше спасена така што околу неа беше подигнат преграден ѕид од цигли.  

„Првиот ден Велигден Москва беше во мрак. Електраната е потопена у дури на вториот ден од празникот успеаја да пружат кабел од градската електрана и да ги осветлат улицата „Тверскаја“ и три театри: Корша, Интернационалниот и Новиотˮ, објави весникот „Руско словоˮ.

Во серијата разгледници „Историска Москва. Историја на московскиот животˮ се наоѓаше дури и оваа фотографија на улицата „Велика Дорогомиловска“.