Почина познатиот советски фудбалер Виктор Понеделник, стрелецот на златниот гол против Југославија

Историја
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Погледнете ја снимката од победничкиот гол на Понеделник во финалето на Европското првенство 1960 година, одиграно меѓу СССР и Југославија.

Во саботата, 5 декември, во 84 година од животот почина познатиот советски фудбалер Виктор Понеделник. Напаѓачот во финалето на Европското првенство 1960 година го даде победничкиот гол во натпреварот против Југославија (2:1).

За репрезентацијата на СССР Понеделник одигра вкупно 29 натпревари и даде 20 гола.