Како разурнувачот „Новик“ постави светски рекорд во брзина во 1913 година

Историја
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На 31 октомври 1913 година, за време на поморските тестови, ескадрениот миноносец „Новик“ постави светски рекорд во брзина од 37,7 јазли. Ова е првиот руски разурнувач со мотори на парни турбини и котли под висок притисок греани само со течно гориво.

„Новик“ е спуштен во вода на 19 јуни 1910 година во Санкт Петербург на производствената линија на „Путиловскиот завод“. Токму тој победува на конкурсот на „Специјалниот комитет за зајакнување на флотата“ во јануари 1909 година. Бродоградителите под водство на Алексеј Крилов ги поставуваат темелите на иновативната идеја за инсталирање на механизми на тешки турбини и бродски котли, пишува „Росијскаја газета“.

Патем, името „Новик“ е предложено од командантот на Балтичката флота, вицеадмиралот Николај Есен, во спомен на крстосувачот од 2 класа,  со која тој командува во 1902-1904 година и е потопена херојски во Руско-јапонската војна. Царот Николај II го одобрува името.

При проектирањето на „Новик“ конструкторите на Путиловскиот завод посветуваат посебно внимание на обезбедувањето жилавост на бродот. Но, разурнувачот е вооружен со четири двојни торпедни апарати со дијаметар од 457 милиметри. Од артилериско вооружување има четири топови со унитарни гранати со калибар 102 мм и преносни митралези „Максим“.

На крајот на 1910 година формата на трупот е завршена, направени се котлите и турбините. На 21 јуни 1911 година бродот е спуштен во вода. Во август 1912 година, по тестовите, разурнувачот е прогласен за погоден за служба во флотата. За време на поморските тестови во октомври 1913 година, Новик развива брзина од 37,7 јазли. Тоа е светски рекорд. Големата брзина ја обезбедуваат парните турбини на германската компанија „Вулкан“.

До почетокот на Првата светска војна миноносецот е најдобриот брод во својата класа. Служи како светски модел во создавањето разурнувачи од воената и повоената генерација.

Последната операција на „Новик“ за време на Првата светска војна е операцијата „Албион“. Потоа бродот е ставен на ремонт и не учествува во граѓанската војна. Потоа е модернизиран – сменети се опремата за навигација и радио-комуникациите, двоцевните торпедни апарати се заменети со троцевни. Во 1926 година „Новик“ е преименуван во „Јаков Свердлов“.

Бродот престана да постои на 28 август 1941 година. Испратен е во Талин да ги евакуира бранителите на градот. „Јаков Свердлов“ е погоден од торпедо, кое го преполовува. Бродот потонува покрај островот Мохни во Финскиот Залив на Балтичкото Море.