Во старите времиња на Русија не ѝ биле потребни посебни затворски установи. За држење затвореници едноставно се копале јами во земја. Исто така, подземните премини под ѕидините на тврдините служеле како места за злосторниците, а за таа цел се користеле и посебни ќелии во манастирите.
Најстариот затвор во Русија кој е подигнат како посебна градба се наоѓа во градот Чебоксари, на половина пат помеѓу Нижни Новгород и Казањ.
Овој затвор се смета за најстар во Русија. Првобитно бил изграден од дрво по наредба на Иван Грозни во исто време кога е изградена и дрвената тврдина во Чебоксари (1555 година). Во 1946 година подигнат е затвор од камен со ѕидови со дебелина од 82 сантиметри.
Ова денес е најстариот затвор во Русија кој функционира и сѐ уште се наоѓа на првобитното место во центарот на градот. Никој никогаш не избегал од затворот во Чебоксари.
Познати затвореници: Според легендата Степан Разин (1630-1671), водач на селанската буна 1670-1671, кратко време минал во овој затвор на патот за Москва на погубување.
Кон крајот на 18 век местото каде денес се наоѓа затворот Бутирка било предградие на Москва. Во 1771 година на ова место била подигната тврдина од дрво за затвореници. Во 1775 година во подрумот на тврдината бил затворен Емељан Пугачов, исто водач на селанската буна. Тој бил толку познат што кулата во која бил затворен го добила неговото име, а во внатрешниот двор на затворот во текот на сто години се чувал вертикалниот кафез во кој Пугачов морал да стои со денови.
Во 1784 година на истото место е подигнат затвор од камен со четири кули и високи ѕидови. Тоа бил транзитен затвор низ кој годишно поминувале околу 30.000 затвореници.
Бутирка продолжила да постои во истото својство и по револуцијата. Но, властите решиле да ја скријат од очите на посетителите на градот, па околу неа е подигната станбена зграда.
Познати осуденици: Емељан Пугачов, Феликс Ѕержински, Осип Мандељштам, Александар Солженицин.
Затворот е основан во 1775 година и на почетокот функционирал како „поправен дом“, посебна институција во која биле држени луѓето кои извршиле злосторство поради ментална болест, како и пијаници, развратници итн. Во 1870 година станал обичен затвор.
Од 1918 до 1945 година затворот бил наменет за млади злосторници, а во 1946 година повторно станал обичен затвор. Од 1949 до 1953 година во некои делови од зградата биле затворани нацисти кои биле заробени во Втората светска војна. Денес ова е притворска единица која може да прими 1.700 притвореници.
Познати осуденици: Александар Солоник, Сергеј Мавроди.
Овој затвор е основан во градот Владимир во 1783 година за време на владеењето на Екатерина Велика. Првобитно бил работен затвор за ситни криминалци, а во 1906 година станал централен затвор кој бил посебно чуван и утврден.
Од 1921 година бил наменет за политички затвореници. Тука се држеле особен опасните и важни осуденици и во текот на историјата не се забележани случаи на бегство.
Денес Владимирскиот централен затвор со високо ниво на обезбедување е наменет за опасни злосторници. Познат е благодарение на истоимената песна на рускиот шансониер Михаил Круг.
Познати осуденици: Василиј Сталин, Френсис Гери Пауерс.
Името на затворот потекнува од обликот на неговите згради. Од 2017 година затворот повеќе не е во функција. Меѓутоа „Крстови“ се многу познати во руската затворска култура и историја.
Основан е во 1868 година. Според легендата, го изградиле осуденици кои подоцна и биле затворени во него. Првобитно бил наменет за 1.150 затвореници. По револуцијата од 1905 година се користел главно за политички осуденици. Прочуените револуционери како што се Лев Троцки, Анатолиј Лунчарски и Лев Каменев биле затворени во него.
Меѓу суровите правила во „Крстови“ било и тоа што креветите на затворениците во текот на денот се кревале, а се спуштале само навечер, па затворениците не можеле да спијат во текот на денот.
Затворот е познат по лошите услови и пренаселеноста, што особено се случувало во советско време: во ќелија од 8 метри квадратни можело да бидат сместени дури 18 затвореници. Поради пренаселеноста и лошите услови затворот е отсtiелен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче