Авторот на каналот „Military History not Visualized“ присобра сеќавања на германски воени ветерани поврзани со легендарното советско оружје и се обиде да ги анализира.
Материјалот е преведен на руски и поставен на порталот „ИноСМИ“. Изјавите на поранешните војници на Вермахтот авторот ги презема од историски зборници составени на Западот.
Одделни ветерани истакнуваат дека во тоа време не ги третирале повеќецевните лансери како сериозно оружје поради нивната непрецизност. Меѓутоа, други пишуваат дека овие „Сталинови оргули“ (а токму така ги нарекувале „катјушите“) биле страшни и дури и ги споредувале со тенковите Т-34.
„Катјуши“ во Берлин, 29 април 1945.
Авторот пишува дека толкавата субјективност се објаснува со ситуациите во кои војниците се соочиле со „катјушите“. На пример, ако на удар на руските повеќецевни лансери се нашла пешадија на бришан простор во оклопна техника, тогаш загубите биле значителни, додека во засолниште не било така.
Значење има и периодот на кој се однесуваат спомените, тврди авторот. До ноември 1941 година „катјушите“ се користеле поединечно и затоа нивниот разорен ефект можел да биде незначителен. Подоцна е променета тактиката на примена на ова оружје.
Еден поранешен германски војник кажува дека огромниот број проектили од „Сталиновите оргули“ моментално ја деморализирал војската. Друг го потврдува неговото гледиште, укажувајќи на тоа дека 1943 и 1944 година дејството на ова оружје било многу силно.
Авторот на освртот укажува на фактот дека во наведениот период СССР веќе го имал повеќецевниот ракетен лансер со помоќни проектили М-31 и дека оружјето се произведувало во големи количини. Одделни дивизии во својот арсенал имале и по 864 орудија. Се променила и тактиката – „катјушите“ се поставувани во погуста формација. Еден ветеран истакнува дека во Курската битка густината на повеќецевната артилерија на еден километар на фронтот била два или три пати поголема отколку во борбите кај Сталинград.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче