Tенковски ас: Како советски тенкист ги импресионираше Германците 1941 година

Историја
RUSSIA BEYOND
Германски тенкови од составот на групата на Хајнц Гудеријан на 6 октомври 1941 година кај Мценск му излегоа на мегдан на командирот на тенковски вод, постариот поручник Дмитриј Лавриненко, кој потоа го извојува статусот на најуспешен советски тенкист.

Битката се одигра во селото Первиј Воин. Надмоќните фашистички сили успеаја да се пробијат низ огнот на противтенковските топови до пешадиските ровови. Во операција за спасување тргнаа четири тенка под команда на Лавриненко.  

Советските тенкови Т-34 нанесуваа еден по друг молневити удари од разни страни, збунувајќи ги нацистите. Напаѓачите не ни претпоставија дека отпор им даваат четири советски тенкови, туку далеку побројна единица.

Според советските податоци, четирите борбени возила на Лавриненко успеаја да уништат 15 непријателски тенкови. Четири запали лично Т-34 на командирот на водот. Исто така, тенкистите уништија две орудија и четири мотоцикли.

Четвртата тенковска дивизија ја нападнаа руските тенкисти јужно од Мценск и таа се најде во тешка состојба. Првпат руските тенкови Т-34 беа убедливо надмоќни. Планираната итна офанзива на Тула мораше да биде одложена, пишува подоцна Хајнц Гудеријан.

Дмитриј Лавриненко за два и пол месеци уништи вкупно 52 непријателски тенкови. Таков резултат во текот на војната не можеше да повтори ниту еден друг тенкист на Црвената армија.

Интересно е што тенкот на Лавриненко повеќе пати извршуваше важни борбени задачи сам. На пример, бидејќи се задржаа во Серпухово во една берберница, каде што се бричеа, екипажот на Лавриненко на крајот го одбрани градот.

Лавриненко, исто така, запре тенковска колона на Германците кај селото Шишкино. Притоа неговиот Т-34 уништи шест германски тенкови.

Треба да се каже дека советскиот ас не загина во тенковски бој туку во престрелка, од фрагменти на германска мина. Во тој момент Дмитриј Лавриненко се наоѓаше надвор од спасоносниот оклоп на Т-34.