Како изгледал секојдневниот живот во советска Украина (ФОТОГРАФИИ)

Историја
АЛЕКСАНДРА ГУЗЕВА
Украинската ССР била житница за целиот Советски Сојуз, бања за сите граѓани на СССР и важен индустриски центар. Туристите од целата земја ги мамеле нејзините пејзажи, нејзиното море, пријатната клима и гостопримливите луѓе.

Ова е еден од неколкуте прочуени Сталинови облакодери во Москва. За волја на вистината, изградбата е завршена по смртта на Сталин, а по налог на новиот генерален секретар на ЦК на КПСС Никита Хрушчов, хотелот го доби името „Украина“. Не е ни чудо: Хрушчов речици целиот живот го има поминато во Украина. Таму беше претседател на Советот на министри, а потоа и прв секретар на Централниот комитет на партијата. Тој беше многу активен во поддржувањето на пријателството меѓу братските народи и во зближувањето на Русија и Украина. Освен тоа, една од неговите први одлуки на функцијата генерален секретар беше да предавањето на Крим на Украина во 1954 година. Претходно Крим ѝ припаѓаше на Русија.

Русија и Украина со векови биле една целина и затоа Русите и Украинците едни со други се доживуваат како браќа. Згора на тоа, во еден споменик на староруската книжевност „Повест на минатите лета“ („Несторова хроника“), Киев е окарактеризиран како „мајка на градовите руски“, и оваа фраза сè уште често се користи.

Во Советскиот Сојуз во 1954 година беше организирана прослава по повод „300-годишнината на повторното соединување на Украина и Русија“ до кое дошло во 1654 година кога хетманот на Запорошката козачка војска Богдан Хмељницки замоли царот Алексеј Михајлович Романов (таткото на Петар Први) да го прими на служба.

Областа која тогаш се приклучила на Руската империја со години се нарекувала Малорусија. По револуцијата од 1917 година Украина дови автономија и се приклучи на СССР како посебна република, а во 1991 година стана независна држава.

Архитектура и градови

Во многу градови на Украина може да се видат сите црти типични за советската архитектура: „сталински ампир“, „хрушчовки“ и задолжителниот атрибут од тоа време – спомениците на Ленин кои сега во рамките на „десоветизацијата“ се отстрануваат ширум Украина.

Од друга страна, украинската архитектура се одликувала и со разновидност. На Крим се наоѓаат летните царски дворови кои во советско време се претворени во пансиони за одмор и во пионерски кампови, западна Украина личеше на стара Европа – во Лавов во советско време се снимаа многу филмови за кои беше потребен европски амбиент, а Одеса е град што го имаат направено Европејци, еден вид јужен Санкт Петербург.

„Житница“

Во Украина преовладува црница која е одлична за земјоделство. На ова подрачје климата е блага и затоа добро успеваат житарките, секое овошје, лубеници и грозје.

На ова изобилство секогаш завидувале жителите на регионите на СССР (а, подоцна и на Русија) каде владее сурова клима. На многумина роднините од Украина им испраќаа гајби со кајсии или дињи. Украина произведуваше брашно за целиот Советски Сојуз, исто така и леб, млечни производи, свежо овошје и зеленчук, и имаше, и сè уште има, мошне развиено производство на вино. Освен тоа, важен дел од аграрниот сектор беше производството на шеќер од шеќерна репа.

Украина во 1932-1944 година ја погоди голем глад која според различни извори им ги однела животите на 2 до 7 милиони луѓе. Гладот настапил поради неродните години и власта која им ги одземала намирниците на селаните. Оваа историска појава е попозната под називот „голодомор“. Мошне различно ја оценуваат руските и украинските историчари и политичари. Современа Украина ги карактеризира дејствијата на советската власт како геноцид врз украинскиот народ, иако дејствувањето на советските власти во тоа време предизвика гладување во целиот Советски Сојуз. 

„Бања“

Украинската ССР имаше сè што им беше потребно на луѓето во Советскиот Сојуз за одмор и за лекување. На брегот на Црното море – на Крим, во Херсонес и во Одеса – постоеја огромен број лекувалишта и бањи. Покрај тоа, на Крим беше организиран планински туризам, а на Карпатите скијање.

На линијата на фронтот

Во текот на Втората светска војна Украина фактички беше главното поприште. Германските единици во 1941-1942 година ја окупираа речиси целата територија на Украина. Евреите беа принудувани да живеат во гета и беа масовно стрелани. По лошо е познат Бабиј Јар, долина во Киев каде беа стрелани над 100.000 луѓе. Советската армија во 1943-1944 година ја ослободија цела Украина, но нанесената штета беше огромна. Многу села беа запалени, а градовите разорени.

Индустрија

Најразвиените индустриски гранки беа рударството, а особено рудниците за камен јаглен, енергетиката, машинството и металургијата. Но, тоа воопшто не е целиот список на индустриските гранки во кои Украинската Советска Социјалистичка Република (УССР) беше успешна. Во советско време на целата територија на републиката ударнички се работеше на градилиштата, во фабриките и во рудниците.

Чернобилската трагедија

Една од најтрагичните страници во историјата на советска Украина секако беше хаваријата во Чернобилската нуклеарна електрана во 1986 година. Експлодираше нуклеарен реактор и во воздухот се прошири огромно количество радијација. Трагедијата се состоеше и во тоа што мештаните и жителите на околните области не беа доволно информирани, па многумина од нив настрадаа, па дури и починаа како последица на зрачењето.

Обичен живот

На фотографиите од секојдневието на Украинската ССР може да се видат типични советски реалии: првомајски демонстрации, советски дизајн на ентериер и на облека, но и народна носија со јарки бои.