Иако за влегувањето на советските единици во Авганистан в декември 1979 година понекогаш се зборува како за „советска инвазија на Авганистан“, всушност станува збор за воздржан одговор на советските власти на повеќекратните молби на тогашната авганистанска влада која бараше воена помош во војната против муџахедините (така се нарекуваа авганистанските исламистички бунтовници).
Александар Грашченков / Sputnik
За чудо, советското раководство не беше задоволно од државниот преврат во Авганистан во април 1978 година, со кој на власт дојде просоветската Народна демократска партија на Авганистан. За нив многу попогодна беше ситуацијата во која неутралната територија претставува тампон-зона помеѓу јужните советски републики и Пакистан, Иран и Кина.
Getty Images
Меѓутоа, околностите ги принудија Советите да се прилагодат. Москва беше сè повеќе загрижена поради исламистичките упади и неспособноста на авганистанскиот лидер Хафизула Амин да ја стави ситуацијата под контрола. Советското раководство не беше задоволно со стилот на владеење на Амин, сомневајќи се дека би можел да се здружи со советските непријатели.
В. Кисељов / Sputnik
Москва размислуваше конечно да се согласни на постојаните барања за интервенција и притоа да се ослободи од Амин. На 27 декември 1978 година советските единици брзо го зедоа под контрола Кабул, престолнината на Авганистан. Специјалните сили ја нападнаа Таџбеговата претседателска палата во која се наоѓаше Хафизула Амин.
Андреј Соломонов / Sputnik
До утрото следниот ден, на 28 декември, операцијата беше успешно завршена и претседателот Хафизула Амин беше убиен. Меѓутоа, следуваше крвава борба против исламистичките бунтовници која ќе трае следните 10 години, сè до февруари 1989 година.
Getty Images
Ривалите на СССР во студената војна побрзаа да ја осуда советската интервенција и да им дадат помош на муџахедините. Америка на муџахедините им испраќаше оружје, од кое најзначајни беа преносните ракетни системи за ПВО „Стингер“, со оглед дека претставуваа извесна опасност за советските воздухопловни сили во земјата.
Getty Images
Иако некои веруваа дека испраќањето на ракетните системи „Стингер“ на муџахедините означуваше пресвртница во војната, не постојат еднозначни докази кои би укажувале на тоа дека американските преносни ракетни системи драматично го промениле односот на силите во корист на антисоветските единици.
Getty Images
Иако ривалите на Советскиот Сојуз во студената војна најпрво протестираа против советската интервенција во Авганистан, таа им легна како кец на десетка. САД одвај чекаа на Советите да им го приредат својот Виетнам. „Ние не ги натеравме Русите да се вмешаат, но свесно ја зголемивме веројатноста за нова интервенција“, рече по многу години Збигњев Бжежински, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џими Картер 1977-1991.
Андреј Соломонов / Sputnik
На врвот на конфликтот советскиот контингент во Авганистан изнесуваше само 108.000 војници. За споредба, Америка во Виетнам имаше 543.000 војници на врвот од интервенцијата. Сепак, на извесен начин војната во Авганистан за Советскиот Сојуз беше исто толку трауматично искуство како војната во Виетнам за Америка.
В. Кисељов / Sputnik
Интервенцијата го прикажа Советскиот Сојуз во лошо светло пред меѓународната заедница. Исто така претставуваше товар за советската економија, додека сè поголемиот број жртви предизвика незадоволство кај советските граѓани.
Андреј Соломонов / Sputnik
Советскиот Сојуз конечно ги повлече своите единици од Авганистан во февруари 1989 година, 11 години по првата интервенција. Со оглед на тоа дека тоа беше војна против бунтовниците, никаква конвенционална победа никогаш не беше извојувана.
В. Кисељов / Sputnik
Војната во Авганистан не беше завршена со заминувањето на советските единици. Насилниот џихад во земјата и надвор од неа само доби сила, доведувајќи на крај до тоа исламистичката фундаментална политика и воената организација на талибанците кон крајот на деведесеттите години од минатиот век да ја преземе контролата над поголем дел од територијата на оваа земја.
Андреј Соломонов / Sputnik
Во октомври 2001 година Америка и нејзините сојузнички влегоа во Авганистан за да ги истребат талибанците, судирајќи се со својот неодамнешен сојузник.
Getty Images