За многумина жители на Советскиот Сојуз дискотеките биле посебен вид забава, на кои тие со задоволство ди денешен ден со задоволство се сеќаваат и денес, по многу години, кога џускањето во ноќен клуб повеќе не е егзотична атракција. Во советско време владеел недостиг од овој вид задоволство. Тогаш одењето во дискотека бил голем настан.
Еве еден пример за организирање училишна дискотека кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век: „Нам задолжително ни бараа претходно да составиме список песни и композиции, и тоа со задолжителен превод на насловите. Тогаш во мода беа 'Италијанците'. Знаевме што е тоа 'Феличита', но не знаевме што е 'Фестра', па треснавме дека е 'Среќа'. И тоа помина. Но 'Акапулко' не помина. Директорката [на училиштето], хемичарка, бараше да докажеме дека 'Акапулко' не е некаква антисоветска парола или нацистички поздрав. Моравме да одиме до кабинетот по географија и да го донесеме атласот на светот“, се сеќава Аркадиј.

Сергеј Суботин / Sputnik
Училишните дискотеки биле безопасни, но тие се појавиле дури подоцна. Најпрво се организирани вечери во простор прилагоден за танцување, каде свирела жива музика. Атмосферата малку потсетувала на баловите во царска Русија, зашто жените и мажите се собирале одделно, танците имале називи и определен ред. Тоа било во триесеттите и во четириесеттите години од минатиот век. Тогашните „дискотеки“ се нарекувале „танцувачки вечери“.

Државен историски музеј на Јужен Урал
Ваквите танци се организирале во домовите на културата и во клубовите, а во текот на летото во парковите, на отворено.
Getty Images
Во СССР секој аспект од животот имал стриктни прописи, па тоа важело и за танците. „Забрането е да се танцува во работна облека или во спортска опрема. Забрането е да се танцува изопачено [што и да значи тоа]. Танчарот мора да танцува исто правилно и отворено и со десната и со левата нога. Пушењето и смеењето се дозволени во простор кој е наменет за тоа“, овие правила важеле за секој простор за танцување.
Ј. Петшаковски / Sputnik
Во текот на шеесеттите години од минатиот век, за време на политичкото „затоплување“, танците станале послободни. Се појавил бунтовнички дух, дречлива облека... За волја на вистината, во тоа време момче со ѕвонарки и со долга коса можело да биде исфрлено од дискотеката, исто како и послободно облечена и нашминкана девојка.
Дмитриј Донској / Sputnik
По правило просторот за дискотеката секогаш бил ограден, а влезот се наплатувал. Кој не сакал да плати ја прескокнувал оградата, но тоа не било лесно. Во дискотеките често дежурала милиција, а покрај тоа за „натрапниците“ биле поставувани замки, на пример ограда премачкана со мазут.
Константин Дудченко, Владимир Репик / TASS
Вака изгледала младината во дискотеките во текот на седумдесеттите години од минатиот век.
Советите почнале да основаат свои музички групи по угледот на западните бендови, и тоа задолжително со кратенката ВИА (вокално-инструментален ансамбл). Се труделе, колку што можеле, да личат на странските групи, но сепак биле прилично специфични. Во СССР немало гитари фендер или Гибсон (се купувале за девизи само од музичката „елита“ од установата „Госконцерт“), па многу „вокално-инструментални ансамбли“ свиреле на советски гитари, кои нагалено (очигледно поради квалитетот на звукот) ги нарекувале „лопати“, „весла“ или „дрва“.
Архив Владимира Дружињина/russiainphoto.ru
Згора на тоа, комунистичката партија будно набљудувала за овие музичари случајно да не отпеат нешто забрането (нешто од рубриката „пропаганда на раскалашеноста“). „Пред сè не пеевме 'депресивни песни' на андерграунд бендови. Повеќе не се ни сеќавам на сè, но на тој 'црн список' беа ставени две песни што нашите девојки најмногу ги сакаа. Тоа беа 'Девојката во кафезот' на Јуриј Лоза и 'Се сеќаваш ли, девојко' на Александар Новиков“, пишуваат корисниците на Интернет.
Архив Павла Сухарева/russiainphoto.ru
Општата демократизација недвојбено доведе до ситуацијата во која во текот на осумдесеттите години на минатиот век настапи златното време на дискотеките. Се појавија во секое училиште, во секоја образовна установа. Се појавија едноставни уреди како што е касетофонот. Миксетата на некој појак „диџеј“ изгледаше отприлика вака:
Виталиј Савељев / Sputnik
Цензурата и понатаму постоеше, но на неа сè помалку се обрнуваше внимание. Алкохолот се внесуваше во самовари и во чајници, а тепачките станаа вообичаена појава: „Никој не одеше сам во диско. Секогаш се одеше во друштво. Девојките, за волја на вистината, можеа да влезат во двојка, односно со другарка, но момчињата мораа да се држат до своето друштво во случај да започне тепачка. А, тепачки избувнуваа често, особено по иницијатива на момчињата 'од крајот'“
Валериј Христофоров / TASS
Со текот на времето дискотеката стана место кадешто сака да оди секоја современа девојка и секое момче, па така се појавија местенца „само за определено друштво“. Меѓу најпрестижните и најмодерните дискотеки беа оние што се организираа во баровите на синџирот хотели „Интурист“ (каде се сместуваа исклучиво странци). Просечен советски граѓанин не можеше да влезе во таква дискотека, но затоа можеа претставниците на советската владејачка елита, преправените агенти на КГБ и „девизните“ проститутки.
Владимир Вјаткин / Sputnik
Обичниот човек, како и претходно, можеше да заблеска само на подиумите на некој дом на културата или на селски клуб. Со тоа што сега повеќе не беа забранети ниту странските хитови, ниту нападната шминка. Во дискотеките и околу нив цутеше „сивата економија“, многу работи се продаваа „на црно“. Дилерите под маса вадеа и продаваа западна облека како што се фармерките кои во СССР беа вистински хит, а исто така и странски цигари и плочи. Дискотеките станаа место на алтернативната култура и на пазарната економија која тогаш беше во зачеток.
Валериј Шустров / Sputnik