Најголемиот неуспех на советската разузнавачка служба не беше поврзан за Гестапо, ниту за ЦИА, ами за скромната данска полиција. Во историјата тој е познат како „состанок на агентите“.
Прометна улица во Копенхаген, 1931 година.
Scherl/Global Look PressКатастрофата беше предизвикана со тоа што советските разузнавачи ја занемарија наредбата од Москва да не ги врбуваат данските комунисти. Тие му беа лојални на Советскиот Сојуз, но сепак претставуваа голема опасност зашто постојано беа под будното око на полицијата.
Полицајците од Копенхаген ги следеа локалните комунисти и така дојдоа до Александар Улановски, шеф на советската тајна разузнавачка мрежа во Данска. На 20 февруари 1935 година полицијата изврши упад во станот каде тој држеше состанок со колегите.
Александар Улановски
Archive photoУапсен е Улановски, а со него уште тројца агенти на советската разузнавачка служба, како и десет странски агенти (двајца Американци и осуммина Данци). Двајца советски разузнавачи случајно се најдоа во Копенхаген – се враќаа од Германија во СССР и само наминаа да го посетат стариот пријател.
Со „состанокот на агентите“ фактички е уништена целата советска разузнавачка мрежа во Данска. Оваа скандинавска земјата самата по себе не беше од интерес за Советскиот Сојуз, но преку неа во Москва стасуваа тајни податоци од Третиот рајх, така што поради грешката на Улановски мораше да се бара нов канал за нивно пренесување.
Херојот на Советскиот Сојуз, разузнавачот Рихард Зорге.
SputnikРамзај беше еден од најскапоцените разузнавачи на Советскиот Сојуз. Германскиот новинар Рихард Зорге, познат во Москва под псевдонимот Рамзај, живееше и работеше во Јапонија. Тој на советската разузнавачка служба ѝ беше главниот извор на тајни податоци за оваа затворена источна земја.
Токму Зорге есента 1941 година на советското раководство му испрати сосема скапоцена информација за тоа дека Јапонија нема намера во скоро време да го нападне СССР зашто својата агресија ја насочува кон САД. Поради тоа од Сибир и од рускиот Далечен исток беа повлечени мошне важни дивизии кои заедно со останатите единици ги спречија Германците во рамките на операцијата „Тајфун“ да го заземат главниот град на СССР, и тој потфат одиграа мошне голема улога.
Меѓутоа, веќе во октомври истата година Рамзај беше разоткриен. Постојат мноштво верзии кои ги објаснуваат причините. На пример, се зборува дека Јапонците успеале да го најдат неговиот радиограм и да го дешифрираат, дека го издал некој од агентите, дека полицајците ги следеле јапонските комунисти кои биле во контакт со Зорге, па дека на крајот му ја довеле полицијата на врата.
Документ на Рихард Зорге, портпарол на германската амбасада во Јапонија.
Public domainРихард Зорге и неговите 24 агенти се уапсени на 18 октомври 1941 година (во јануари се уапсени уште седуммина). Истрагата траеше неколку години. Зорге беше обесен во дворот на токискиот затвор Сугамо на 7 октомври 1944 година, на 27-годишнината од Октомвриската револуција. Со ликвидацијата на групата на Рамзај советската разузнавачка служба за долго време изгуби сигурен извор на информации за Јапонија.
Документ на Рихард Зорге, портпарол на германската амбасада во Јапонија.
Getty ImagesВо 1939 година Франц фон Папен беше поставен за германски амбасадор во Анкара. Тој беше искусен политичар, поранешен канцелар на Вајмарската република. Негова задача беше да ја вовлече Турција во војна на страната на Силите на Оската.
Фон Папен воедно играше и своја игра. Имаше многубројни дипломатски врски и тајно го истражуваше теренот, проверувајќи ја можноста за склопување сепаратен мир меѓу Германија и западните сојузници, без оглед на интересите на СССР. Фон Папен во новата влада (без Хитлер) можеше да смета на висока функција.
Личноста на германскиот амбасадор беше премногу опасна за Советскиот Сојуз, па затоа беше донесена одлука да се ликвидира. Москва се надеваше дека убиството на Фон Папен ќе ги расипе односите помеѓу Анкара и Берлин, а можеби ќе успее и да ги вовлече во војна.
Омар Токат, кој беше врбуван од страна на советската разузнавачка служба, му пријде на Фон Папен на 24 февруари 1942 година на една улица во турската престолнина, носејќи бомба. Но, бомбата експлодираше порано. Токат загина, а ударниот бран ги отфрли амбасадорот и неговата жена, но и обајцата останаа живи и неповредени.
Георгиј Мордвинов
Archive photoТурските специјални служби набргу го открија кругот луѓе кои беа вмешани во атентатот, и дознаа дека клучна улога одиграа советски разузнавачи. Турската војска неколку дена ја држеше под опсада советската амбасада, со барање да бидат предадени двајца службеници на советското трговско претставништво (агенти на НКВД) – Леонид Корнилов и Георгиј Мордвинов (Павлов).
Корнилов и Мордвинов беа осудени на 20 години затвор. Нивната казна беше намалена кога воената среќа му го сврте грбот на Третиот рајх, а Турција започна интензивно да се зближува со сојузниците. Во август 1944 година, разузнавачите беа ослободени и испратени во Москва.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче