Првпат во Русија: Во кримската пештера „Таврида“ пронајдени коски на древен носорог

CC BY-SA 3.0
Научниците исто така објаснија кој живеел некогаш во таа пештера.

Во пештерата „Таврида“ на Крим научниците пронајдоа остатоци на древен носорог (Stephanorhinus). Ова го соопшти водечкиот методолог на зоолошкиот музеј на Кримскиот федерален универзитет „Вердански” Дмитриј Старцев.

„Пронајдовме заб и ребро на млада единка на древниот носорог стефаноринус. Тоа е дворог носорог, налик на денешниот африкански. Висок е околу два метри и долг 3,5 метри”, објасни стручњакот.

Остатоците ги пронајде група научници од Крим и од Москва. Во соопштението на Кримскиот федерален универзитет се наведува дека остатоци од коски на древен носорог стефаноринус во Русија никогаш претходно не биле пронајдени.

Освен тоа, во „Таврида“ е пронајден рог на голема антилопа, која можеби припаѓа на вид кој претходно не бил пронајден во пештера, како и коска на сабјест тигар (Homotherium).

Кримската пештера „Таврида” долго време била дувло на грабливци, објасни вишиот научен соработник на лабораторијата за палеоекологија на Институтот за екологија на билки и животни на Уралското одделение на Руската академија на науки Дмитриј Гимранов. Според неговите зборови, во пештерата свои младенчиња одгледувале древни хиени и сабјести тигри. Овие животни живееле пред околу 1,5 милиони години во период кој траел околу 300 илјади години. Коски на многу древни животни, пронајдени во пештерата, биле донесени таму од грабливките и затоа се мали шансите да бидат пронајдени цели костури.

Пештерата, која го доби називот „Таврида“, беше откриена неодамна, при изградбата на истоимениот автопат на Крим. Подоцна се покажа дека таа крие голем број тајни кои се многу интересни за научниците.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња